Користи ја jw.org во службата — „Биди пријател со Јехова“
На нашата интернет-страница, во делот „Библиски учења“, има рубрика за деца со наслов „Биди пријател со Јехова“. Оваа рубрика содржи песни и филмови. Дали си ја користел во службата? Ако ја проучуваш Библијата со родител кој има мали деца, зошто не му ја покажеш? Ова може да го поттикне да ги разгледа и другите содржини од нашата интернет-страница.
Додека учествувал во акцијата со трактатот Вест за Царството бр. 38, еден брат сретнал жена која почнала да го чита веднаш штом го добила. Таа имала мали деца кои сакале да знаат што има во трактатот. Братот во кратки црти објаснил што содржи овој трактат и посочил на jw.org на последната страница. Бидејќи жената се заинтересирала, тој ја искористил приликата на својот телефон да им пушти еден од клиповите со Кире.
Една сестра ѝ кажала на својата колешка која има мали деца дека на нашата интернет-страница може да најде информации за семејствата. Жената ги разгледала содржините на jw.org заедно со своите деца. По некое време, ѝ рекла на сестрата дека нејзините деца дома си ја пеат песната „Итно е!“, која на многу јазици може да се најде во рубриката „Биди пријател со Јехова“.
Запознај се со оваа рубрика на jw.org и преземи некои од филмовите или песните на твојот мобилен уред. Така ќе можеш да ја користиш во службата. Оваа рубрика навистина ни помага да му робуваме на Господарот! (Дела 20:19).