Стани повешт во службата — обучувај ги новите објавители
Зошто е важно: Новите ученици на Исус мора да научат да држат ‚сѐ што им заповедал‘, во што спаѓа и да ги поучуваат другите за вистината (Мат. 28:19, 20). Многу од новите учествуваат во Теократската школа за служба и можеби им сведочат на членовите на семејството или на пријателите. Но, со текот на времето, можеби ќе изразат желба да учествуваат во службата на проповедање затоа што нивното ценење за она што го учат расте и сфаќаат дека Јехова сака да се спасат сите луѓе (Рим. 10:13, 14). Откако ќе ги исполнат условите да служат како некрстени објавители, добрата обука ќе им помогне да имаат поголема самодоверба кога ќе го преземат овој неопходен чекор во нивниот духовен напредок — да им ја пренесуваат добрата вест на другите (Лука 6:40).
Предлог за месецот:
Ако твојот интересент е некрстен објавител, оди со него во службата од куќа до куќа и одведи го на повторна посета или на библиски курс. Ако не, покани во служба некој понеискусен објавител.