„Овие зборови... нека ти се врежат во срцето“
Родителите се како пастири. Мора многу добро да се грижат за своите деца, кои лесно би можеле да залутаат и да се изложат на опасност (Изр. 27:23). Како можат родителите да ја исполнат својата улога? Мораат да одвојуваат време секој ден да разговараат со своите деца за да знаат како размислуваат и што им е во срцето (Изр. 20:5). Освен тоа, родителите треба да градат со огноотпорен материјал за да ја зацврстат верата на своите деца (1. Кор. 3:10-15). Филмот „Овие зборови... нека ти се врежат во срцето“ истакнува колку е важно редовно да се одржува Семејната вечер посветена на Јехова. Гледајте го овој филм како семејство, а потоа разговарајте за следниве прашања:
1) Зошто семејството Роман ги изгуби духовните работи од вид? 2) Зошто не успеа првиот обид на Томас да имаат Семејна вечер? 3) Кој библиски совет би можел најмногу да им помогне на родителите во воспитувањето на децата? (5. Мој. 6:6, 7). 4) Што ќе помогне да има подобра комуникација во семејството? 5) Какви жртви треба да прават родителите за своите деца? 6) Какво позитивно влијание извршија брат и сестра Бароу врз семејството Роман? (Изр. 27:17). 7) Што треба однапред да направи еден семеен поглавар за да функционира Семејната вечер? 8) Што направи Томас за да се сменат работите во семејството? 9) Зошто е важно редовно да се одржува Семејната вечер? (Еф. 6:4). 10) Кои се некои практични предлози во врска со Семејната вечер? 11) Како Томас покажа смиреност, но и цврстина кога сакаше да му помогне на Маркус да сфати колку е важно да го прави она што е исправно? (Ерем. 17:9). 12) Како Томас и Моника ѝ помогнаа на Ребека да донесе исправна одлука во врска со Џастин? (Мар. 12:30; 2. Тим. 2:22). 13) Како Томас и Моника покажаа вера кога направија промени во животот? (Мат. 6:33). 14) Како овој филм истакнува колку е важно семејните поглавари да се грижат за духовноста на своето семејство? (1. Тим. 5:8). 15) Што си решен да правиш како семеен поглавар?
ЗАБЕЛЕШКА ДО СЕМЕЈНИТЕ ПОГЛАВАРИ: Оваа современа драма беше изведена на регионалниот конгрес во 2011 година. Дали тогаш забележа дека треба нешто да поправите во врска со вашата Семејна вечер? А како е сега? Доколку сѐ уште има место за подобрување, молете се во врска со тоа и направете ги потребните промени за вечното добро на вашето семејство (Еф. 5:15-17).