ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Стани повешт во службата — пренеси им ја добрата вест на сите од подрачјето
ЗОШТО Е ВАЖНО: Захарија прорекол дека луѓе од сите јазици ќе ја прифатат добрата вест (Зх 8:23). Но кој ќе ги поучува? (Ри 10:13-15). Ние ја имаме честа и одговорноста да им ја проповедаме добрата вест на сите на нашето подрачје (od стр. 84, пас. 10-11)
КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:
Подготви се. Дали среќаваш луѓе кои зборуваат на друг јазик? Можеш да научиш кратка презентација на нивниот јазик или на твојот мобилен телефон да им покажеш како да најдат повеќе информации на нивниот јазик на jw.org
Набљудувај. Ако проповедаш од куќа до куќа, искористи ја секоја прилика да им сведочиш на минувачите или на оние што чекаат во своите автомобили. Ако сведочиш на јавни места, не заборавај дека наша цел е да дадеме сведоштво
Биди упорен и темелен. Обиди се неколку пати да ги побараш оние што не биле дома. Пробај на секоја врата да најдеш некого. Можеби ќе треба да одиш во различно време од денот или во некој друг ден од седмицата. На некои можеби ќе треба да им напишеш писмо, да пробаш да ги добиеш на телефон или да ги најдеш на улица
Повторно посети ги заинтересираните. Набрзо посети ги оние што покажале интерес. Ако станарот зборува друг јазик, обиди се да најдеш објавител што ќе може да го посетува и поучува на неговиот јазик. Продолжи да го посетуваш станарот сѐ додека не биде посетен од некој објавител што го зборува неговиот јазик (od стр. 94, пас. 39-40)
ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПРОПОВЕДАМЕ „СЀ ДО КРАЈОТ НА ЗЕМЈАТА“, А ПОТОА РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Какви подготовки направија браќата и сестрите за да дојдат до луѓето кои живеат на изолирани подрачја? (1Ко 9:22, 23)
Кои предизвици требаше да ги надминат?
Какви благослови добија?
Што можеш ти да направиш за да зборуваш со што е можно повеќе луѓе на твоето подрачје?