ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb18 Мај стр. 8
  • „Бог што составил...“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бог што составил...“
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Сличен материјал
  • Почитувај го бракот како дар од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Дали разводот е решение?
    Разбудете се! 2004
  • Прашања од читателите
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
mwb18 Мај стр. 8
Маж и жена се држат за рака

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

„Бог што составил...“

Според Мојсеевиот закон, оној што сакал да се разведе од својата жена требало да подготви правен документ. Целта на ова било да се спречат избрзани одлуки за развод. Сепак, во времето на Исус, верските водачи овозможиле лесно да се добие развод. Мажот можел да се разведе од својата жена од било која причина (nwtsty белешки за Мр 10:4, 11). Исус го истакнал фактот дека бракот го основал и озаконил Јехова (Мр 10:2-12). Мажот и жената требало да станат „едно тело“ и бракот требало да биде трајна врска. Според паралелниот извештај на Матеј, единствена библиска основа за развод е прељубата (Мт 19:9).

Денес повеќето гледаат на бракот како фарисеите, а не како Исус. Штом се појават проблеми во бракот, луѓето во светот веднаш бараат развод. За разлика од нив, христијаните на брачниот завет гледаат како на нешто многу сериозно, и се трудат да ги решаваат проблемите со помош на библиските начела. Гледајте го клипот Љубовта и заемната почит го обединуваат семејството, а потоа дискутирајте за следниве прашања:

  • Читање на Библијата; еден сопруг внимателно ја слуша својата жена; искината свадбена слика

    Како можеш да го примениш Изреки 15:1 во твојот брак, и зошто ова е важно?

  • Како Изреки 19:11 може да ти помогне да избегнеш некои проблеми?

  • Ако бракот ти е на стаклени нозе, наместо да размислуваш за развод, кои прашања треба да си ги поставиш?

  • Како Матеј 7:12 може да ти помогне да бидеш подобар сопружник?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели