ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/12 стр. 18-19
  • Дали разводот е решение?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали разводот е решение?
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Тие ќе станат едно тело“
  • Дали е мудро човек да се разведе?
  • Практични чекори
  • Важноста на побожните особини
  • Кога ќе се избере развод
    Разбудете се! 1999
  • Четири факти за разводот за кои треба да си свесен
    Разбудете се! 2010
  • Почитувај го бракот како дар од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Поделен дом — како влијае разводот врз тинејџерите?
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/12 стр. 18-19

Гледиште на Библијата

Дали разводот е решение?

ВО БРИТАНИЈА, еден свештеник им изразува добредојде на оние што се собрани да присуствуваат на церемонијата. Пред него стои една двојка со група блиски пријатели и деца. Сценарио за уште една среќна венчавка? Во никој случај! Оваа церемонија и официјално го означува крајот на нивниот брак. Да, станало толку вообичаено луѓето да се разведуваат што некои цркви одржуваат посебни литургии за развод!

Дали Вие размислувате за развод? Ако да, тогаш дали раскинувањето на Вашата брачна врска навистина ќе Ви го отвори патот кон посреќен живот? Има ли некои практични чекори што можете да ги преземете за да бидете среќни со Вашиот партнер?

„Тие ќе станат едно тело“

Кога биле венчани првите луѓе, Бог изјавил дека мажот „ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело“ (Битие 2:24). Значи, бракот требало да биде трајна врска. Од таа причина, Исус подоцна рекол дека само „блуд“ е единствена библиска основа за развод со можност повторно да се стапи во брак (Матеј 19:3—9).a

Ова нагласува дека е неопходно и двајцата сопружници да имаат чувство на одговорност еден кон друг. Но, што ако се соочувате со тешки проблеми во бракот?

Дали е мудро човек да се разведе?

Исус дал едно начело според кое можеме да процениме како сме постапиле: „Мудроста се докажува праведна преку своите дела“ (Матеј 11:19). Какви се последиците од тоа што денес врие од разводи за кои и нема некоја јака причина?

„Претерано се нагласуваат користите од разводот“, вели Линда Вејт, професорка на Универзитетот Чикаго, која го предводела тимот од истражувачи што ги проучувале несреќните бракови. Нешто слично кажал и Мајкл Ергајл, професор на универзитетот Оксфорд. Откако во текот на 11 години ги анализирал одговорите на илјадници луѓе, тој открил дека „најнесреќни луѓе во општеството се оние што се разведени или што живеат одвоено“. Зошто?

Иако со разводот можат да се решат некои проблеми, тој исто така може да предизвика цел порој од трауматски настани над кои Вие можеби немате скоро никаква контрола. Всушност, истражувањата покажуваат дека разводот не ги намалува симптомите на депресија ниту, пак, ја зголемува самопочитта кај лицето што се разведува.

Дури и ако бракот не Ви е „идеален“, можете да имате корист ако останете со својот партнер. Многу од оние што се решени да постапат на овој начин стануваат среќни. Професор Вејт вели: „Со текот на времето, многу од проблемите се решаваат, и оние што се во брак обично стануваат посреќни“. Всушност, едно истражување покажа дека скоро 8 од 10 лица кои биле „многу несреќни“ во бракот, но избрале да не се разведат, пет години подоцна сметале дека „имаат среќен брак“. Според тоа, дури и кога брачните двојки имаат тешки проблеми, добро е да не избрзуваат со развод.

Практични чекори

Оние што размислуваат за развод треба да се прашаат дали тоа што тие го очекуваат од бракот е реалистично. Медиумите сервираат слика на романтична врска што кулминира со раскошна свадба и има среќен крај, како во приказните. Но, по свадбата, кога големите очекувања не се остваруваат, разочарувањето што следи може да разгори конфликти. Како што расте напнатоста, се создава ситуација во која главен збор имаат само повредените чувства. Љубовта овенува и, со текот на времето, им го отстапува местото на гневот и на омразата. Во такви околности, некои можеби сметаат дека разводот е единствениот излез (Пословици 13:12).

Наместо да дозволите негативните чувства да влијаат врз Вашето гледиште, дружете се со оние за кои бракот е нешто многу важно. Христијаните се поттикнати да ‚се утешуваат еден со друг и да се изградуваат‘ (1. Солуњаните 5:11). Нема сомнение дека на оние што имаат проблеми во бракот им е потребно охрабрување од соверниците.

Важноста на побожните особини

„Облечете се во нежна наклоност на сочувство, љубезност, понизност на умот, благост и долготрпеливост“, опоменал апостол Павле (Колошаните 3:12). Побожните особини можат да помогнат да се зачува единството во бракот кога ќе настапат бурни времиња.

На пример, Павле напишал: „Поднесувајте се еден со друг и простувајте си спремно еден на друг, ако некој има причина за поплака против друг“ (Колошаните 3:13). Психологот Кристофер Петерсон од Универзитетот Мичиген вели: „Простувањето е карактеристика што е најтесно поврзана со среќата“.

Љубезноста, нежноста и простувањето раѓаат љубов, која е „совршена врска на единството“ (Колошаните 3:14). Сигурно имало време кога сте биле среќно вљубени. Можете ли повторно да ја разбудите љубовта што сте ја чувствувале некогаш? Без разлика колку Ви се тешки околностите, не обесхрабрувајте се. Има надеж. Всушност, ако останете заедно и ако ги применувате начелата од Библијата можете да доживеете поголема среќа отколку што воопшто сте помислувале дека е можно. И, се разбира, трудот што ќе го вложите во ова сигурно ќе го израдува Јехова Бог, Творецот на бракот (Пословици 15:20).

[Фуснота]

a Христијанското собрание на Јеховините сведоци го почитува правото на изневерениот партнер да реши дали ќе се разведе од сопружникот што направил прељуба. Видете Разбудете се! од 8 август 1999, страници 5—9.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели