ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 1-3
Светиот дух бил излеан врз христијанското собрание
Многу Евреи кои биле во Ерусалим на Педесетница 33 год. од н.е. дошле од други земји (Де 2:9-11). Иако го држеле Мојсеевиот закон, тие можеби целиот свој живот го поминале во друга земја (Ере 44:1). Затоа, некои од нив можеби повеќе изгледале и зборувале како луѓето од таа земја отколку како Евреи. На тој ден, 3.000 од нив се крстиле. Така, лица со најразлично потекло станале дел од христијанското собрание. И покрај тоа, тие биле обединети и секој ден поминувале многу време заедно во храмот (Де 2:46).
Како можеш да покажеш дека си вистински заинтересиран за...
луѓето на твоето подрачје кои се од друга земја?
браќата и сестрите во твоето собрание кои се од друга земја?