ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb19 Јануари стр. 7
  • „Павле му заблагодари на Бог и се охрабри“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Павле му заблагодари на Бог и се охрабри“
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
  • Сличен материјал
  • Прилики за заемно охрабрување
    Нашата служба за Царството 2007
  • Тие неуморно ни служат
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Патувачките надгледници — соработници во вистината
    Јеховините сведоци обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот
  • Надгледници кои се грижат за Божјето стадо
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
mwb19 Јануари стр. 7
Павле му благодари на Бог за браќата кои дошле да го пресретнат

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

„Павле му заблагодари на Бог и се охрабри“

Кога браќата од собранието во Рим слушнале дека доаѓа Павле, некои од нив поминале околу 65 километри за да го пресретнат. Како влијаела врз него нивната несебична љубов? Библијата вели: „Кога ги здогледа, Павле му заблагодари на Бог и се охрабри“ (Де 28:15). Иако обично Павле бил тој што ги храбрел браќата додека ги посетувал собранијата, во оваа прилика, кога бил затвореник, тој добил охрабрување (2Ко 13:10).

Денес покраинските надгледници патуваат од собрание до собрание за да ги охрабрат браќата и сестрите. Исто како сите Божји слуги, понекогаш и тие се уморни, загрижени или обесхрабрени. Затоа, следниот пат кога покраинскиот надгледник и неговата сопруга ќе го посетат твоето собрание, што би можел да направиш за да ги охрабриш и ти нив? (Ри 1:11, 12).

  • Еден покраински надгледник води состанок за проповедање

    Присуствувај на состаноците за проповедање. Кога објавителите прават жртви за да извлечат целосна корист од активностите што се планирани за таа посебна седмица, тоа влијае охрабрувачки врз покраинскиот надгледник (1Со 1:2, 3; 2:20). Размисли дали би можел да служиш како помошен пионер во месецот кога е посетата. Би можел ли да се пријавиш да одиш во служба на проповедање со покраинскиот надгледник или со неговата сопруга? Би можел ли да појдеш со некого од нив на библиски курс? Тие сакаат да соработуваат со различни објавители, вклучувајќи ги и поновите и оние кои сметаат дека проповедањето не им е јака страна.

  • Едно семејство им изразува гостопримство на покраинскиот надгледник и на неговата сопруга

    Биди гостопримлив. Би можел ли да им понудиш сместување на покраинскиот надгледник и неговата сопруга или, пак, да ги поканиш на ручек? Со тоа ќе им покажеш дека ги сакаш. Тие не очекуваат нешто посебно (Лк 10:38-42).

  • Еден покраински надгледник води старешински состанок

    Слушај ги и применувај ги неговите упатства и совети. Покраинскиот надгледник грижливо се труди да ни помогне да увидиме како би можеле уште подобро да му служиме на Јехова. Понекогаш можеби ќе треба да ни даде строг совет (1Ко 5:1-5). Ако сме послушни и подложни, тој многу ќе се радува (Ев 13:17).

  • Браќа и сестри од едно собрание им изразуваат благодарност на покраинскиот надгледник и на неговата сопруга

    Изрази благодарност и ценење. Кажи им на покраинскиот надгледник и на неговата сопруга како ти користела нивната посета. Ова можеш да им го кажеш лично или да им напишеш картичка (Кол 3:15).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели