ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/07 стр. 8
  • Прилики за заемно охрабрување

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прилики за заемно охрабрување
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Сличен материјал
  • „Павле му заблагодари на Бог и се охрабри“
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
  • Патувачките надгледници — соработници во вистината
    Јеховините сведоци обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот
  • Тие неуморно ни служат
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • На кој начин патувачките надгледници служат како верни управители
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 2007
km 10/07 стр. 8

Прилики за заемно охрабрување

1. Какви посебни прилики имаме кога ќе нѐ посетат патувачките надгледници?

1 Апостол Павле му го напишал следново на собранието во Рим: „Копнеам да ве видам, да ви дадам некаков духовен дар за да зајакнете, односно, заемно да се охрабриме, јас со вашата вера, а вие со мојата“ (Рим. 1:11, 12). И денешните посети на патувачките надгледници ни даваат слични прилики заемно да се охрабриме.

2. Зошто однапред се најавува посетата на покраинскиот надгледник?

2 Собранието: Посетата на покраинскиот надгледник обично се најавува во собранието околу три месеци порано. Затоа имаме доволно време однапред да испланираме за да извлечеме потполна корист од посетата (Еф. 5:15, 16). Ако си вработен, можеби ќе можеш да побараш слободни денови за да учествуваш во службата во текот на таа седмица. Некои служат како помошни пионери во месецот кога е посетата. Ако планираш да заминеш некаде, дали би можел да направиш промени во своите планови за да бидеш присутен таа седмица?

3. Што може да стори секој од нас за да се охрабри за време на посетата на покраинскиот надгледник?

3 Главна цел на посетата на покраинскиот надгледник е да нѐ охрабри и да ни даде обука за службата на проповедање. Можеш ли да се пријавиш да одиш во служба со него или со неговата сопруга, ако е женет? Покраинскиот надгледник со задоволство оди во служба со различни објавители, меѓу кои спаѓаат и понеискусните и оние што сакаат да бидат повешти во службата. Сите можеме да учиме од начинот на кој проповеда тој и да ги примениме советите што љубезно ќе ни ги даде (1. Кор. 4:16, 17). Други прилики за охрабрувачко дружење ќе имаме ако го поканиме на оброк (Евр. 13:2). Освен тоа, слушај ги внимателно неговите говори бидејќи тие се приспособени на потребите на собранието.

4. Како можеме да го охрабриме нашиот покраински надгледник?

4 Покраинскиот надгледник: Апостол Павле не се разликувал од браќата на кои им служел — и тој имал проблеми и грижи, па затоа и нему му било потребно охрабрување и бил благодарен кога некој ќе го охрабрел (2. Кор. 11:26-28). Кога христијаните од собранието во Рим дознале дека Павле, кој во тоа време бил затвореник, конечно доаѓал таму, некои отишле дури до Апиевиот плоштад за да се видат со него. А тоа место било оддалечено 74 километри! ‚Кога ги здогледал, Павле му заблагодарил на Бог и се охрабрил‘ (Дела 28:15). И ти можеш да го охрабриш покраинскиот надгледник. Укажи му „двојна чест“ со тоа што ревносно ќе ја поддржуваш неговата посета (1. Тим. 5:17). Со збор и на дело покажи дека си многу благодарен за сѐ што прави за тебе. Тој и неговата сопруга ќе се радуваат кога ќе ја видат твојата вера, љубов и истрајност (2. Сол. 1:3, 4).

5. Зошто денес на сите ни е потребно охрабрување?

5 На кого не му треба охрабрување во овие „особено тешки времиња“? (2. Тим. 3:1) Затоа, уште сега биди решен во потполност да учествуваш во активностите на собранието кога ќе ве посети покраинскиот надгледник. Притоа, сите ние — и патувачките надгледници и објавителите во собранијата — со радост можеме заемно да се охрабриме. Исто така, на овој начин ‚се тешиме и се изградуваме едни со други‘ (1. Сол. 5:11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели