ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Што можеш да научиш од нив?
Дали од неодамна служиш како слуга-помошник или, пак, како старешина? Можеби имаш некои вештини, способности или световно образование што другите именувани браќа ги немаат. Меѓутоа, можеш многу да научиш од нив, како и од другите верни браќа кои повеќе не служат како слуга-помошници или како старешини, можеби поради тоа што се во поодминати години, имаат здравствени проблеми или поради семејни одговорности.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПОЧИТУВАЈ ГИ ИСКУСНИТЕ БРАЌА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
1. Како брат Ричардс покажа почит кон брат Бело?
2. Каква грешка направи Бен, и зошто?
3. Што научи Бен од примерот на Елисеј?
4. Сеедно дали си брат или сестра, како можеш да покажеш почит кон постарите и поискусни соверници и да научиш нешто од нив?