ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Јехова ги сака чистите луѓе
„Измиј си ги рацете. Исчисти си ја собата. Измиј ги садовите. Фрли го ѓубрето.“ Многу родители ги поучуваат своите деца да бидат чисти во физички поглед. Меѓутоа, начелата поврзани со чистотата ни ги дал нашиот свет Бог (2Мо 30:18-20; 5Мо 23:14; 2Ко 7:1). Кога ја одржуваме чистотата на нашето тело и на личните работи, ние му носиме слава на Јехова (1Пе 1:14-16). Но, што е со нашиот дом и околината во која живееме? За разлика од луѓето кои фрлаат ѓубре по улиците и парковите, христијаните прават сѐ што можат за да ја одржуваат Земјата чиста (Пс 115:16; От 11:18). Дури и во малите работи се гледа каков е нашиот став кон чистотата како, на пример, каде фрламе лименки, хартивчиња од бонбони или гуми за џвакање. Сакаме во сѐ да „се препорачуваме како Божји слуги“ (2Ко 6:3, 4).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ БОГ ГИ САКА ЧИСТИТЕ ЛУЃЕ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Какви изговори може да има некој што не води сметка за чистотата на личните работи?
Како Мојсеевиот закон ни помага да го дознаеме Јеховиниот став за чистотата?
Како може да му носиме слава на Јехова и без да зборуваме?
Како можам да покажам дека го имам Јеховиното гледиште за чистотата?