ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Колку ја цениш Божјата Реч?
Во Библијата се запишани мислите и изјавите на Јехова Бог, Авторот на оваа света книга (2Пе 1:20, 21). Во неа е истакнато дека Божјето Царство ќе докаже дека Јехова има право да владее над сѐ и дека наскоро нѐ очекува едно многу поубаво време. Библијата ни открива и колку прекрасна личност е нашиот небесен Татко, Јехова (Пс 86:15).
Секој од нас ја цени Божјата Реч од најразлични причини. Но, дали покажуваме дека таа е скапоцена за нас со тоа што ја читаме секој ден и се трудиме да живееме во склад со неа? Со нашите постапки да покажеме дека имаме ист став како псалмистот кој рекол: „Колку го сакам твојот закон!“ (Пс 119:97).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ТИЕ ЈА ЦЕНЕЛЕ БИБЛИЈАТА — ИЗВАДОК (ВИЛИЈАМ ТИНДЕЈЛ), А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Зошто Вилијам Тиндејл превел некои делови од Библијата?
Зошто неговите напори да ја преведе Библијата се толку впечатливи?
На кој начин скришно биле внесувани копии од Библијата на Тиндејл во Англија?
Како може секој од нас да покаже дека ја цени Божјата Реч?