ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 32-33
Дали се бориш за благослов?
За да го добиеме Јеховиниот благослов, мора да се трудиме со сите сили да го ставаме Царството на прво место во животот (1Ко 9:26, 27). Треба да ги извршуваме нашите христијански одговорности со истиот став што го имал Јаков кога се борел со ангелот. Покажуваме колку ни е важен Јеховиниот благослов така што...
Добро се подготвуваме за христијанските состаноци
Редовно одиме во служба
Се трудиме да им помагаме на другите во собранието
Без оглед колку се тешки твоите околности, постојано моли го Јехова да ти помага и да те благословува додека даваш сѐ од себе за да му служиш.
ПРАШАЈ СЕ: „На кои полиња од животот можам да вложам поголем напор за да го стекнам Јеховиниот благослов?“