ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb20 Септември стр. 3
  • Немој да шириш невистини

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Немој да шириш невистини
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Сличен материјал
  • „Лековерниот верува на секој збор“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Преоптовареност од информации
    Разбудете се! 1998
  • Продолжи да го практикуваш она што си го научил
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Дали ги имаш сите факти?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
mwb20 Септември стр. 3

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Немој да шириш невистини

Додека пазарува, една жена е шокирана од нешто што го гледа на нејзиниот мобилен телефон.

Една информација може многу брзо да стигне до милиони луѓе преку радио, телевизија, интернет или во печатена форма. Бидејќи му служиме на Богот на вистината, ние не шириме неточни информации и внимаваме тоа да не го правиме дури ни ненамерно (Пс 31:5; 2Мо 23:1). Некоја невистина која им се пренесува на другите може да нанесе голема штета. За да процениш дали некоја информација е вистинита, запрашај се:

  • Дали доаѓа од веродостоен извор? Оној што ја пренесува информацијата можеби не ги знае сите факти. Кога една информација се пренесува од еден на друг, неминовно е да се измени. Затоа, биди внимателен ако не знаеш кој е изворот на информацијата. Одговорните браќа во собранието треба особено да внимаваат да не пренесуваат непроверени информации бидејќи браќата и сестрите имаат доверба во нив.

  • Дали станува збор за клевета? Ако се оцрнува нечие име или се остава лош впечаток за одредена група луѓе, тогаш најдобро е да не пренесуваме таква информација (Из 18:8; Фп 4:8).

  • Дали звучи неверојатно? Биди внимателен кога слушаш сензационални приказни и искуства.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ КАКО ДА ГО ПРЕКИНАМ ОГОВАРАЊЕТО? А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Едно момче е врзано на една кружна табла на која има забодено ножеви околу него.

    Според Изреки 12:18, каква штета можат да нанесат зборовите?

  • Група луѓе кои се собрале заедно и оговараат.

    Како Филипјаните 2:4 ни помага мудро да проценуваме што ќе зборуваме за другите?

  • Еден човек му го врти грбот на друг човек кој што оговара.

    Што треба да направиме кога некој ќе почне да зборува зајадливо или негативно за другите?

  • Еден маж оговора, а друг маж, кој е облечен како новинар, прави белешки.

    Пред да почнеме да зборуваме за другите, кои прашања треба да си ги поставиме?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели