ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb20 Декември стр. 7
  • Дали сакаш да присуствуваш на Школата за полновремени објавители?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сакаш да присуствуваш на Школата за полновремени објавители?
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Сличен материјал
  • Обука за објавителите на Царството
    Божјето Царство владее!
  • Поднеси молба за Школата за полновремени објавители
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
  • Школа чии дипломци им помагаат на луѓето во целиот свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Какви школи има за пионерите?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
mwb20 Декември стр. 7
Неколку објавители присуствуваат на Школата за полновремени објавители.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Дали сакаш да присуствуваш на Школата за полновремени објавители?

Дали си на возраст меѓу 23 и 65 години и си во полновремена служба? Дали имаш добро здравје и дали си во можност да служиш онаму каде што има поголема потреба? Ако одговорот на овие прашања е да, дали би сакал да пополниш молба за Школата за полновремени објавители? Откако почна да се одржува оваа школа, за неа се пријавиле илјадници брачни парови и браќа и сестри кои не се во брак. Но сѐ уште има потреба од неженети браќа кои ќе поднесат молба за оваа школа. Моли го Јехова да развиеш желба да правиш повеќе во службата и да го следиш примерот на неговиот Син (Пс 40:8; Мт 20:28; Ев 10:7). Потоа, размисли дали би можел да направиш некои промени, на пример во работата или во некои други лични обврски, за да можеш да ги исполниш условите да присуствуваш на оваа школа.

Какви можности во службата им се отвораат на оние што ја завршуваат оваа школа? Некои добиваат задача да служат на места каде што се зборува друг јазик или да учествуваат во посебната програма за сведочење на прометни места во поголемите градови. Некои подоцна служат како заменици на покраинскиот надгледник, како покраински надгледници или како мисионери. Додека размислуваш кои работи би можел да ги правиш во службата за Јехова, труди се да го имаш ставот што го имал пророкот Исаија, кој рекол: „Еве ме мене, испрати ме мене!“ (Иса 6:8).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ МИСИОНЕРИ — РАБОТНИЦИ НА ЖЕТВАТА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Сцена од видеоклипот „Мисионери — работници на жетвата“. Еден брачен пар мисионери одат по една улица додека се во служба.

    Како се избираат мисионерите?

  • Сцена од видеоклипот „Мисионери — работници на жетвата“. Една мисионерка заедно со една сестра ја проучува Библијата со една жена.

    Што постигнуваат мисионерите на своите задачи?

  • Сцена од видеоклипот „Мисионери — работници на жетвата“. Еден мисионер на знаковен јазик зборува со еден брат за тоа како да пополни молба од нашата организација.

    Какви благослови им носи овој вид служба?

Дали би сакал да дознаеш нешто повеќе за Школата за полновремени објавители? Оди на „видео-садржаји“ во делот Библиотека на jw.org на српски, и кликни на НАШЕ АКТИВНОСТИ > ТЕОКРАТСКЕ ШКОЛЕ И ОБУКЕ. Гледај ги видеоклиповите Теократске школе у срцу Африке и Јеховина поука им је обогатила живот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели