ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb21 Јануари стр. 3
  • Родители, поучете ги своите деца за да ги заштитите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Родители, поучете ги своите деца за да ги заштитите
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Сличен материјал
  • Како може твоето семејство да биде среќно? (втор дел)
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Родители — штитете ги своите деца!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Родители — помогнете им на своите деца да го сакаат Јехова
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Нашите деца — скапоцено наследство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
mwb21 Јануари стр. 3
Родители ги учат своите деца како да кажат „Не!“ за да се заштитат.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Родители, поучете ги своите деца за да ги заштитите

Живееме во свет во кој доброто се смета за лошо, а лошото за добро (Иса 5:20). Некои луѓе прават работи што Јехова ги мрази како, на пример, несоодветно се однесуваат со лица од ист пол. Можеби соучениците или некои други се обидуваат да ги наведат твоите деца да постапуваат како нив. Како можеш да му помогнеш на твоето дете исправно да постапи во такви ситуации?

Однапред подготви го детето така што ќе го поучиш за Јеховините мерила (3Мо 18:3). Постепено, во склад со неговата возраст, кажувај му што вели Библијата за сексуалните односи (5Мо 6:7). Прашај се: „Дали сум му помогнал на моето дете да сфати што се исправни изрази на наклоност, колку е важно да се носи пристојна облека и колку е важно другите да ја почитуваат неговата приватност? Ќе знае ли моето дете што да направи ако некој проба да му покаже порнографија или ако некој му рече да направи нешто што Јехова не го одобрува?“ Ако однапред им го кажеш на твоите деца она што треба да го знаат, ќе ги поштедиш од многу проблеми (Из 27:12; Про 7:12). Со тоа што ќе ги поучуваш за сексуалните односи, ќе покажеш дека ги сакаш и дека ги сметаш за скапоцено наследство од Јехова (Пс 127:3).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ИЗГРАДИ КУЌА ШТО ЌЕ ИЗДРЖИ СЀ — ЗАШТИТИ СИ ГИ ДЕЦАТА ОД „ОНА ШТО Е ЗЛО“, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Сцена од видеоклипот „Изгради куќа што ќе издржи сѐ — заштити си ги децата од она што е зло“. Мајка и син го гледаат видеоклипот „Заштитете ги своите деца“.

    Зошто на некои родители не им е лесно да зборуваат со своите деца за сексуалните односи?

  • Сцена од видеоклипот „Изгради куќа што ќе издржи сѐ — заштити си ги децата од она што е зло“. Родители ја користат книгата Учи од Големиот Учител и други публикации за да ги поучуваат своите две деца.

    Зошто родителите треба да ги воспитуваат децата „со стега од Јехова“ и да им помогнат „да го усвојат неговиот начин на размислување“? (Еф 6:4).

  • Сцена од видеоклипот „Изгради куќа што ќе издржи сѐ — заштити си ги децата од она што е зло“. Родители во Африка читаат од Библијата со своите деца и дискутираат.

    Знаењето е заштита

    Кои помагала од Јеховината организација можат да ги користат родителите за да ги поучат своите деца за сексуалните односи? (w19.05 12, рамка).

  • Зошто треба редовно да комуницираш со своите деца уште пред да се појават проблеми?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели