ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb21 Март стр. 5
  • Подготви се за Спомен-свеченоста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Подготви се за Спомен-свеченоста
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Сличен материјал
  • Кого да поканам?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Јехова го благословува нашиот труд да ја одбележуваме Спомен-свеченоста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • „Правете го ова за мој спомен!“ Исусовата смрт ќе се одбележи на 2 април
    Нашата служба за Царството 2007
  • „Правете го ова“ — Спомен-свеченоста ќе се одржи на 5 април
    Нашата служба за Царството 2012
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
mwb21 Март стр. 5
Петар и Јован ставаат леб и чаши на една маса.

Петар и Јован ја подготвуваат горната соба за Пасхата во 33 год. од н.е.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Подготви се за Спомен-свеченоста

Последната Пасха на Исус била од посебно значење. Бидејќи наскоро требало да умре, тој сакал да ја прослави Пасхата заедно со своите апостоли и да воспостави нова прослава која ќе се одбележувала еднаш годишно, Господаровата вечера. Затоа ги испратил Петар и Јован да подготват една горна соба (Лк 22:7-13; види ја сликата на насловната страница). Ова е поттик и за нас да се подготвиме за Спомен-свеченоста која ќе се одржи на 27 март. Собранијата најверојатно веќе направиле планови за говорникот, за симболите итн. Но што може секој од нас да направи за да се подготви за Спомен-свеченоста?

Подготви си го срцето. Следи го посебниот распоред за читање на Библијата што е предвиден за Спомен-свеченоста и длабоко размислувај за она што си го прочитал. Овој распоред можеш да го најдеш во брошурката Секојдневно истражување на Писмото. Подетален распоред има во дел 16 од брошурката Да ја истражуваме Божјата Реч. (Види и во Нашиот живот и служба — работни листови од април 2020.) Семејствата можат на нивната Семејна вечер да проучуваат за тоа колку е важна откупнината. Информации во врска со ова можат да најдат во Прирачникот за истражување на публикациите на Јеховините сведоци.

Едно семејство разговара за Спомен-свеченоста на Семејната вечер.

Покани и други на Спомен-свеченоста. Учествувај во акцијата во колку што е можно поголема мера. Размисли кого сѐ би можел да поканиш, на пример, некој кој го посетуваш, некој со кого порано си ја проучувал Библијата, роднини или други луѓе што ги познаваш. Старешините треба да ги поканат лицата што се неактивни. Ако некој што сакаш да го поканиш не живее во твоето место, можеш да дознаеш кога и каде ќе се одржи Спомен-свеченоста онаму каде што живее тој така што ќе одиш на jw.org во делот ЗА НАС кој се наоѓа во горниот дел на почетната страница и ќе кликнеш на „Спомен-свеченост“.

Двајца старешини посетуваат еден неактивен брат и го канат на Спомен-свеченоста.

Што друго може да направиме за да се подготвиме за Спомен-свеченоста?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели