ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb22 Септември стр. 5
  • Бракот е доживотна врска

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бракот е доживотна врска
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата за самештвото и за бракот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Бракот — дар од Бог
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Подготовка за успешен брак
    Тајната на семејната среќа
  • Бракот — дар од Бог
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
mwb22 Септември стр. 5
Еден брат и една сестра кои се во врска одат заедно во служба.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Бракот е доживотна врска

Успешните бракови меѓу Божјите слуги му носат слава на Јехова и се извор на радост за сопружниците (Мр 10:9). За бракот да биде траен и среќен, христијаните мора да се водат според библиските начела кога избираат брачен другар.

Пред да започнат врска, младите треба да чекаат да помине „цутот на младоста“, односно периодот кога нивните сексуални желби се толку силни што можат да им ја искриват способноста за расудување (1Ко 7:36). Добро искористи ги годините додека си самец за да се зближиш со Јехова и за да развиеш христијански особини. Така ќе можеш во поголема мера да придонесеш твојот брак да биде среќен.

Пред да одлучиш да стапиш во брак со некого, дај си доволно време за да можеш да го запознаеш „тајниот човек на срцето“ (1Пе 3:4). Ако ти се појават сериозни сомнежи, разговарај за нив со лицето со кое си во врска. Како и во сите други меѓучовечки односи, во бракот треба да ти биде поважно што можеш ти да направиш за твојот брачен другар отколку што може тој да направи за тебе (Фп 2:3, 4). Ако ги применуваш библиските начела уште пред да стапиш во брак, ќе си поставиш добар темел за среќен брак.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПОДГОТОВКА ЗА БРАК — 3. ДЕЛ: ПРЕСМЕТАЈ ГО ТРОШОКОТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Каква беше врската помеѓу сестрата и Шејн во почетокот?

  • Што забележа таа кога подобро го запозна Шејн?

  • Како ѝ помогнаа родителите, и каква мудра одлука донесе таа?

Еден брат кој се запознава со една сестра би можел да размислува за следниве прашања:

Кои христијански особини ги покажува таа? Како покажува дека најнапред го бара Царството? Дали ги следи упатствата од Библијата и Божјата организација? Дали покажува дека мисли и на другите?

Една сестра која се запознава со еден брат би можела да размислува за следниве прашања:

Кои христијански особини ги покажува тој? Дали духовните работи и задачите што ги има во собранието му се поважни од работата, парите, спортот и забавата? Како се однесува со своето семејство? Дали покажува дека мисли и на другите?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели