ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb23 Март стр. 3
  • Како да помогнеш после некоја катастрофа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да помогнеш после некоја катастрофа
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Сличен материјал
  • Дали Јеховините сведоци помагаат кога ќе се случи некоја катастрофа?
    Најчесто поставувани прашања
  • Помагање на соверниците — света служба во чест на Јехова
    Божјето Царство владее!
  • Како можеме да помогнеме?
    Нашата служба за Царството 2005
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 1997
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
mwb23 Март стр. 3

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како да помогнеш после некоја катастрофа

Денес, природните катастрофи се многу честа појава. Кога ќе се случи некоја катастрофа, потребни се добра организација и соработка за да се пружи соодветна помош. За таа цел, Водечкото тело одлучи во секоја подружница да има Одделение за помош при катастрофи.

Кога браќата од ова одделение ќе дознаат дека некаде имало катастрофа, тие веднаш ќе стапат во контакт со локалните старешини за да дознаат каква помош им е потребна на објавителите. Ако штетата е голема и ако локалните објавители не можат сами да се справат со ситуацијата, подружницата ќе назначи оспособени браќа да организираат да им се пружи помош на браќата и сестрите. Тие ќе замолат некои доброволци да им помогнат, ќе организираат да се соберат потребните материјали или тие самите ќе ги набават и достават.

На ваков начин се избегнуваат многу проблеми. Во спротивно, би можело да дојде до недоразбирање, непотребно трошење на труд, време и материјали, доколку браќата прават нешто на своја иницијатива.

Браќата назначени од подружницата ќе одредат колку пари и колку доброволци се потребни за да помогнат на погоденото подрачје. Исто така, тие можат да стапат во контакт со локалните власти кои обично можат да помогнат помошта да се пружи на уште побрз и поефикасен начин. Затоа, никој не треба на своја иницијатива да собира пари, да испраќа храна и други неопходни работи или да оди на погоденото подрачје ако не бил замолен за тоа.

Ова не значи дека не можеш да помогнеш. Ние ги сакаме нашите браќа и сестри и затоа кога ќе се случи некоја природна катастрофа, сакаме да помогнеме (Ев 13:16). Како може да го направиме тоа? Еден од најважните начини е така што ќе се молиме за оние што биле погодени од катастрофата и за оние што им пружаат помош. Исто така, може да даваме прилози за меѓународното дело. Под водство на Водечкото тело, секоја подружница ќе процени каде би било најдобро да се искористат тие средства. А би можеле и да пополниме Молба за локален доброволец за изградба (DC-50). Така браќата ќе знаат дека се ставаме на располагање да помогнеме лично.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГО СЛЕДНОВО ПРАШАЊЕ:

Сцена од видеоклипот „Големи поплави во Бразил“. Поглед од птичја перспектива на една поплавена населба со куќи и дрвја кои се гледаат само делумно.

Што ти остави посебен впечаток во врска со помошта што ја пружија Јеховините сведоци по поплавата во Бразил во 2020?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели