Како можеме да помогнеме?
1 Откако ќе слушнат дека се случила некоја катастрофа во некој дел од светот, Јеховините сведоци честопати си го поставуваат прашањето: „Како можеме да помогнеме“? Како што покажува извештајот од Дела 11:27-30, христијаните од првиот век им испраќале помош на браќата во Јудеја што биле погодени од глад.
2 Денес, правилата на нашата организација дозволуваат да се користат финансиски средства за добротворни активности и да им се дава хуманитарна помош на оние што се погодени од природни катастрофи или катастрофи предизвикани од човек, како и во други тешки времиња.
3 На пример, минатата година многу браќа дадоа финансиска помош за оние што беа погодени од катастрофата предизвикана од цунами-брановите во Јужна Азија. Оваа сочувствителна реакција, со која беа испратени прилози до фондовите коишто организацијата ги користи за помош, беше многу корисна. Меѓутоа, според законот во многу земји, кога прилозите се наменети за некоја конкретна катастрофа, таквите средства треба да се користат само за намената што е наведена од оној што ги приложил и тоа во одреден период, без оглед дали браќата во тоа подрачје веќе добиле потребна помош или не.
4 Поради тоа, добро би било прилозите за хуманитарна помош да се дадат за делото низ целиот свет. Овој фонд се користи и за хуманитарна помош и за да се задоволат духовните потреби на христијанското братство. Меѓутоа, ако од некоја причина едно лице сака да даде прилог кој ќе биде одвоен од прилозите за делото низ целиот свет, тоа сепак ќе се прифати и ќе се употреби таму каде што има потреба. Но, подобро би било таквите прилози да се дадат без ограничувања за тоа каде и како да се користат.
5 Ако нашите прилози ги упатуваме првенствено за делото низ целиот свет, тогаш тие средства ќе можат да се употребат за сите гранки од делото за Царството, наместо да се чуваат само за хуманитарна помош која можеби ќе биде потребна во иднина. Ова е во склад со духот од Ефешаните 4:16, дека работиме заедно да го дадеме она што е потребно „за растот на телото за изградба на самото себе во љубов“.