ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb23 Септември стр. 13
  • Помогни им на оние што не се религиозни да го запознаат Творецот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помогни им на оние што не се религиозни да го запознаат Творецот
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Сличен материјал
  • Како да допреме до срцето на луѓе кои не се религиозни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Вешто користи ги главните публикации за служба
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Поучувај ги другите за вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Испитај ги доказите
    Разбудете се! 2021
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
mwb23 Септември стр. 13
Една сестра ѝ сведочи на една жена од азиско потекло.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Помогни им на оние што не се религиозни да го запознаат Творецот

Дали некогаш се воздржуваш да им сведочиш на оние што не се религиозни затоа што си мислиш дека нема да те слушаат? Ако да, имај на ум дека многу луѓе кои не се религиозни, вклучувајќи и атеисти, станале Јеховини сведоци. Честопати, им била потребна само мала помош за да ги истражат доказите дека Бог постои (Ри 1:20; 10:14).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НЕ ЗАБОРАВАЈ — ЛУЃЕТО БЕЗ ВЕРА МОЖАТ ДА СТЕКНАТ ВЕРА! — ОНИЕ ШТО НЕ СЕ РЕЛИГИОЗНИ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГО СЛЕДНОВО ПРАШАЊЕ:

Како искуството на Томасо ти помага да не се воздржуваш да им сведочиш на луѓе кои не се религиозни?

Како да го правиш тоа

Ако некое лице каже дека не верува во Бог, биди љубезен, тактичен и покажи дека искрено се интересираш што мисли на таа тема (2Ти 2:24). Разговарај за теми кои веројатно ќе го интересираат. Дали сака да разговара за доказите кои многумина ги увериле дека постои Творец? Ако да, користи ги публикациите и видеоклиповите кои се наменети за таа цел. Брошурите Дали животот е Божје дело? и Пет важни прашања за потеклото на животот се додадени во нашите главни публикации за служба за полесно да ни бидат достапни.

На почетокот, можеби ќе те плаши помислата да разговараш за вистината со некој што не верува во Бог. Зошто не замолиш некој поискусен објавител да ти помогне? Исто така, не заборавај дека Јехова може да ни помогне да допреме до срцата на оние што исправно гледаат на вечниот живот, дури и ако на почетокот тие не веруваат дека тој постои (Де 13:48).

Брошурата „Дали животот е Божје дело?“
Брошурата „Пет важни прашања за потеклото на животот“.
    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели