ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp22 Бр. 1 стр. 10-11
  • 3 | Искорени ја омразата од мислите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 3 | Искорени ја омразата од мислите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библиско учење:
  • Што значи ова:
  • Како може ова да ти помогне:
  • Стефан — „полн со добрина и сила“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Стефан е каменуван
    Мојата книга со библиски приказни
  • Како да се прекине кругот на омразата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Може да ја победиме омразата!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
wp22 Бр. 1 стр. 10-11
Еден човек си замислува како се ракува со еден човек од друга раса. Нивните сенки прикажуваат како порано протестирале со плакати во рацете и се расправале еден со друг.

КАКО ДА СЕ ПРЕКИНЕ КРУГОТ НА ОМРАЗАТА

3 | Искорени Ја Омразата Од Мислите

Библиско учење:

„Преобразете се така што ќе го обновите својот ум, за да утврдите која е Божјата волја — што е добро, прифатливо и совршено“ (РИМЈАНИТЕ 12:2).

Што значи ова:

На Бог му е важно како размислуваме (Еремија 17:10). Точно е дека треба да внимаваме на своите зборови и постапки, но тоа не е доволно. Омразата почнува во умот и срцето. Затоа, мора да ја отстраниме и најмалата трага на омраза од нашите мисли и срце. Само така ќе успееме да го смениме начинот на размислување и да го прекинеме кругот на омразата.

Како може ова да ти помогне:

Искрено преиспитај се каков став и какви чувства имаш кон другите, особено кон оние од друга раса и националност. Прашај се: „Какво мислење имам за нив? Дали моето мислење се темели на личното искуство што сум го имал со нив? Или, пак, се темели на предрасуди?“ Избегнувај социјални медиуми, филмови или забава во која има омраза и насилство.

Божјата Реч може да ни помогне да ја искорениме омразата од умот и срцето

Не е секогаш лесно да бидеме објективни кога ги преиспитуваме нашите мисли и чувства. Но Божјата Реч „може да ги процени мислите и намерите на срцето“ (Евреите 4:12). Затоа, проучувај ја Библијата. Види што вели таа, а како размислуваш ти. Потоа, труди се да размислуваш во склад со она за што поучува Библијата. Божјата Реч има моќ да го искорени „она што е цврсто утврдено“ во нашиот ум и срце, па дури и омразата (2. Коринќаните 10:4, 5).

Животно искуство — СТИВЕН

Го сменил начинот на размислување

Стивен.

Стивен и неговото семејство биле жртви на расна предрасуда. Како резултат на тоа, се приклучил на една политичка и милитантна група која се борела за човекови права. По некое време, и тој учествувал во некои криминални дејствија. Стивен вели: „Еднаш јас и моите другари гледавме филм во кој беше прикажано како во минатото биле угнетувани африканските робови во САД. Бидејќи бевме разгневени поради тие неправди, нападнавме некои млади белци кои беа во киното. Потоа кружевме низ населбите во кои живеат белци барајќи да истепаме некого“.

Стивен потполно го сменил својот став кога почнал да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Тој вели: „Бидејќи бев изложен на многу расни предрасуди, однесувањето на Сведоците ме воодушеви. На пример, кога еден Сведок кој беше белец требаше да оди на пат, ги остави своите деца на чување кај едно семејство црнци. Исто така, едно семејство белци примија во својот дом еден млад црнец кој немаше каде да живее“. Стивен се уверил дека меѓу Јеховините сведоци има вистинска љубов токму како што Исус прорекол за вистинските христијани (Јован 13:35).

Како успеал Стивен да престане со насилството и повеќе да не чувствува омраза? Многу му помогнале зборовите од Римјаните 12:2. Тој вели: „Сфатив дека треба потполно да си го сменам начинот на размислување. Не требаше само да постапувам мирољубиво туку и да бидам уверен дека тоа е најдобриот начин на живот“. Стивен веќе над 40 години води мирен живот без омраза.

Животната приказна на Стивен можеш да ја прочиташ во Стражарска кула од 1 јули 2015, страници 10-11.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели