ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w22 Февруари стр. 31
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Сличен материјал
  • Тој ги знае нашите ограничувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Продирање во мистериите на селидбата
    Разбудете се! 1996
  • Да се принесуваат жртви угодни на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
w22 Февруари стр. 31

Дали сте знаеле?

Зошто било добро тоа што Јехова им дозволил на Израелците да принесуваат како жртва или грлици или гулаби?

СПОРЕД Мојсеевиот закон, како жртва за Јехова, Израелците можеле да принесат или грлици или гулаби. Во законите поврзани со жртвите, овие два вида птици секогаш се спомнувале заедно, и можело да се принесат или грлици или гулаби (3. Мој. 1:14; 12:8; 14:30). Зошто ова било добро? Една причина е затоа што грлиците не биле секогаш лесно достапни.

Грлица

Грлиците се птици преселници кои живеат во Израел во текот на потоплите месеци. Секој октомври, тие се преселуваат во потоплите земји на југ, а напролет се враќаат во Израел (Песна 2:11, 12; Ерем. 8:7). Поради ова, за Израелците од минатото не било лесно за време на зимскиот период да принесат грлици како жртва.

Див гулаб, пештерник

Од друга страна, гулабите обично не се преселуваат и затоа биле достапни во Израел преку целата година. Освен тоа, гулабите биле припитомени. (Спореди со Јован 2:14, 16.) Според една книга во врска со растенијата и животните кои се спомнати во Библијата, „во сите села и градови во Палестина имало припитомени гулаби. Секоја куќа имала гулабарник, односно дупка во ѕидот, каде што птиците можеле да живеат“ (Bible Plants and Animals). (Спореди со Исаија 60:8.)

Гулаб во дупка од ѕид

Со тоа што им дозволил на Израелците да принесуваат како жртва птици кои биле лесно достапни во текот на целата година, Јехова покажал дека е полн со љубов и разумен.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели