ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w22 Април стр. 15
  • Бисквити за кученцата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бисквити за кученцата
  • The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Сличен материјал
  • Како влијаело врз две жени тоа што останале вдовици
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Колички со литература за „сведоштво на сите народи“
    Како се користат вашите прилози
  • Како да го преболиш раскинувањето
    Разбудете се! 2015
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
Повеќе
The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
w22 Април стр. 15
Еден човек ги шета своите две кучиња. Тие се приближуваат кон еден брачен пар Сведоци кои стојат покрај количка со литература.

Бисквити за кученцата

„ПРОЛЕТТА 2014, почнав да ги шетам моите две кученца во центарот на градот“, напишал Ник, кој живее во Орегон (САД). „Во тој дел од градот, Јеховините сведоци обично стоеја со колички со литература. Тие беа убаво облечени, и со топла насмевка ги поздравуваа сите што поминуваа.

Сведоците беа љубезни не само кон луѓето, туку и кон моите кученца. Еден ден Илејн, која стоеше покрај количката, им даде бисквити на моите две кученца. Оттогаш, штом ќе поминувавме покрај количките, кученцата ме влечеа на местото каде што добиваа бисквити.

Месеците си поминуваа, кутрињата уживаа во бисквитите, а јас уживав во кратките разговори со Сведоците. Но, не сакав премногу да се спријателувам со нив. Имав преку 70 години и не бев сигурен во што веруваат Сведоците. Бидејќи бев разочаран од голем број христијански цркви, си мислев дека е најдобро сам да ја проучувам Библијата.

Во текот на тој период, низ разни делови од градот гледав и други Сведоци како стојат покрај колички за сведочење. И тие секогаш беа пријателски настроени. Секогаш одговараа на моите прашања на темел на Библијата, и поради тоа мојата доверба во нив растеше.

Еден ден, Илејн ме праша: ’Што мислите, дали животните се дар од Бог?‘ Јас одговорив: ’Да, сигурен сум во тоа!‘ Тогаш Илејн ми ги прочита зборовите од Исаија 11:6-9. Од тој момент сакав да дознаам нешто повеќе за Библијата, но сѐ уште не сакав да читам публикации од Сведоците.

Во следниот период, со Илејн и нејзиниот сопруг Брент водевме кратки но длабоки разговори. Тие ми предложија да ги прочитам евангелијата и книгата Дела на апостолите, за да сфатам што значи да се биде вистински христијанин. Тоа и го направив. Набрзо потоа, прифатив да ја проучувам Библијата со Брент и Илејн. Тоа беше летото 2016.

Уживав што секоја седмица ја проучував Библијата и што одев на состаноци во Салата на Јеховините сведоци. Бев многу среќен што можев да ги учам библиските вистини. Нешто повеќе од една година потоа, се крстив како Јеховин сведок. Сега имам 79 години и знам дека сум на исправниот пат. Јехова ме благослови со тоа што ми дозволи да станам дел од неговото меѓународно семејство“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели