ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp23 Бр. 1 стр. 6-7
  • 1 | Молитва — „сите свои грижи фрлете ги на него“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1 | Молитва — „сите свои грижи фрлете ги на него“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2023
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што значи ова
  • Како ова може да помогне
  • Фрлете ги сите грижи на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Како да се справам со чувствата на загриженост?
    Младите прашуваат
  • Сите свои грижи остави ги на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Принудно однесување — дали го контролира вашиот живот?
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2023
wp23 Бр. 1 стр. 6-7
Еден вознемирен млад човек ја држи својата рака на градите додека се моли.

1 | Молитва — „сите свои грижи фрлете ги на него“

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „Сите свои грижи фрлете ги на [Бог], зашто тој се грижи за вас“ (1. ПЕТРОВО 5:7).

Што значи ова

Јехова нѐ повикува да зборуваме со него за сите грижи што нѐ измачуваат (Псалм 55:22). Ниту еден проблем не е ни преголем ни премал за да се молиме за него. Ако ни е важен нам, важен му е и на Јехова. Еден неопходен чекор за да добиеме внатрешен мир е да му се молиме на Бог (Филипјаните 4:6, 7).

Како ова може да помогне

Ако имаме проблеми поврзани со менталното здравје, можеби се чувствуваме осамено затоа што другите луѓе не можат секогаш во потполност да разберат низ што минуваме (Изреки 14:10). Но, ако во молитва искрено му кажеме на Бог како се чувствуваме, тој сочувствително ќе нѐ сослуша и ќе нѐ разбере. Јехова нѐ гледа, знае со што се соочуваме и ја знае нашата болка, и тој сака да му се молиме во врска со сѐ што нѐ загрижува (2. Летописи 6:29, 30).

Тоа што му се молиме на Јехова уште повеќе ни ја зајакнува довербата дека тој се грижи за нас. Можеме да се чувствуваме исто како псалмистот, кој се молел со следниве зборови: „Погледна на мојата неволја. Ти ги знаеш маките на мојата душа“ (Псалм 31:7). Самото тоа што знаеме дека Јехова забележува што ни се случува во животот може многу да ни помогне кога минуваме низ тешки периоди. Но, тој не само што забележува со што се соочуваме туку прави и нешто повеќе. Бог нѐ разбира подобро од кој и да е друг и ни помага да добиеме утеха и охрабрување преку Библијата.

Како може да ни помогне Библијата — Џулијан

Како анксиозноста влијае врз мене

Џулијан.

„Страдам од анксиозност и од опсесивно-компулсивно нарушување. Анксиозноста ми се појавува неочекувано. Во еден момент се чувствувам добро, а веќе во следниот момент сум многу вознемирен без некоја очигледна причина. Особено сум вознемирен кога сум опкружен со други луѓе. Се измачувам со тоа што мислат тие за мене.

Оние што знаат со што се борам ми се голема поддршка. Морам да признаам дека понекогаш ќе кажат нешто што не ми е баш од помош, но сепак го ценам тоа што се трудат да ми помогнат.

Понекогаш, поради мојата состојба, тешко ми е да се молам. Потребно е да вложам многу труд за да се сконцентрирам и да зборувам со Јехова во молитва. Мислите ми течат многу брзо — толку брзо што честопати сум многу збунет. Кога не можам да ги контролирам мислите, тешко ми е да му кажам на Јехова за што размислувам и како се чувствувам.“

Како ми помага Библијата

„Од проучувањето на Библијата дознав дека не мора да бидеме речовити и дека нашите молитви не мора да бидат долги за Бог да ги прифати. Понекогаш, кога не можам да ги искажам моите чувства, едноставно се молам: ’Јехова, те молам помогни ми‘. Дури и во таква ситуација, чувствувам дека Јехова ме разбира и дека ми го дава она што ми е потребно во тој момент. Освен што се молам, побарав и стручна помош. Среќен сум што можам да кажам дека, благодарение на овие две работи, состојбата многу ми се подобри. Иако треба да вложам многу труд за да му се молам на мојот небесен Татко, тоа го правам затоа што сум уверен дека тој ме сака и дека ќе ми помогне.“

Помош за децата

Видеоклипот „Биди пријател со Јехова — моли се секој ден“.

На интернет-страницата jw.org можеш да дознаеш зошто можеш да бидеш уверен дека Јехова ги слуша твоите молитви и дека ќе одговори на нив.

Гледај го видеоклипот Биди пријател со Јехова — моли се секој ден.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели