ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp23 Бр. 1 стр. 8-9
  • 2 | Утеха од Светото писмо

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 2 | Утеха од Светото писмо
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2023
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што значи ова
  • Како ова може да помогне
  • Депресија кај тинејџерите — што може да помогне?
    Разбудете се! 2017
  • Помош од ‚Богот на утехата‘
    Разбудете се! 2009
  • Негативни емоции — како може да се совладаат?
    Разбудете се! 1993
  • Како да се бориш со негативните чувства?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2023
wp23 Бр. 1 стр. 8-9
Еден постар човек размислува за она што го чита од Библијата.

2 | Утеха од Светото писмо

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „Сѐ што беше некогаш напишано, напишано е за наша поука, за преку својата истрајност и преку утехата од Писмата да имаме надеж“ (РИМЈАНИТЕ 15:4).

Што значи ова

Во Библијата има утешни мисли кои можат да ни ги дадат силата и истрајноста што ни се потребни за да се справиме со негативните начини на размислување. Исто така, пораката од Библијата ни дава надеж дека сета емоционална болка наскоро ќе биде минато.

Како ова може да помогне

Сите ние понекогаш се чувствуваме вознемирено или тажно. Но, оние кои страдаат од депресија или анксиозност може постојано да се измачуваат со вакви чувства. Каква помош нуди Библијата?

  • Во Библијата има многу позитивни мисли со кои можеме да ги замениме негативните (Филипјаните 4:8). Таа навистина може да го исполни нашиот ум со утешни и смирувачки мисли кои ќе ни помогнат да ги држиме под контрола нашите чувства (Псалм 94:18, 19).

  • Библијата може да ни помогне да ја победиме мислата дека сме безвредни (Лука 12:6, 7).

  • Многу библиски стихови нѐ уверуваат дека не сме сами и дека Бог, нашиот Творец, потполно ги разбира нашите чувства (Псалм 34:18; 1. Јованово 3:19, 20).

  • Библијата ветува дека Бог ќе ги избрише сите болни сеќавања (Исаија 65:17; Откровение 21:4). Кога се измачуваме со вознемирувачки мисли и чувства, ова ветување може да ни ја даде потребната сила за да истраеме.

Како може да ни помогне Библијата — Џесика

Како депресијата влијае врз мене

Џесика заспива со отворена Библија во раката.

„На 25-годишна возраст доживеав нервен слом и ми беше дијагностицирана тешка депресија. Постојано ми се навраќаа и ме измачуваа болни спомени од минатото. Лекарите ми помогнаа да сфатам дека мојата депресија беше поврзана со негативниот начин на размислување, кој беше последица на трауматични настани од мојот живот. Освен што примав соодветни лекарства, одев и на терапија која ми помогна да можам да ги препознаам и да ги исправам негативните начини на размислување.“

Како ми помага Библијата

„Во најтешкиот период од мојата депресија доживував панични напади, чувствував силна вознемиреност и не можев да спијам. Честопати, во текот на ноќта ме преплавуваа вознемирувачки мисли кои не можев да ги контролирам. Како што пишува во Псалм 94:19, Бог може да ни ја даде потребната утеха кога ќе нѐ обземат немирни мисли. Затоа, до мојот кревет си чував Библија и тетратка со охрабрувачки стихови. Кога не можев да заспијам, читав стихови од Библијата и така дозволував Божјите мисли да ме тешат.

Библијата нѐ поттикнува да ги отфрлиме мислите кои се во спротивност со она што го знаеме за Бог. Во минатото бев убедена дека сум безвредна, дека никој не ме сака и дека нема никаква корист од мене. Но, научив дека таквото размислување е, всушност, спротивно на она што го пишува во Библијата, во која Бог е опишан како сочувствителен Татко кој многу нѐ сака и се грижи за секого од нас поединечно. Со текот на времето, научив да ги контролирам моите мисли наместо да дозволам тие да ме контролираат мене. Научив да гледам на себеси како што ме гледа Бог. Ова беше важен чекор кој ми помогна да го отфрлам негативното гледиште што го имав за себеси.

Едвај чекам да дојде времето кога веќе нема да има болни спомени и штетни начини на размислување. Тоа што знам дека во иднина повеќе нема да постојат ментални нарушувања ми дава сила да се носам со моите ограничувања. Исто така, тоа ми дава прекрасна надеж за иднината, кога мојата борба против депресијата конечно ќе заврши.“

За повеќе совети:

На jw.org, прочитај ја статијата „Помош од ’Богот на утехата‘“ која излезе во Разбудете се! од јули 2009.

На jw.org, читај ја библиската книга Псалми.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели