ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp23 Бр. 1 стр. 10-11
  • 3 | Како може да ни помогнат примерите од Библијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 3 | Како може да ни помогнат примерите од Библијата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2023
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што значи ова
  • Како ова може да помогне
  • Да се живее со растројство на расположението
    Разбудете се! 2004
  • Како можат да помогнат другите
    Разбудете се! 2004
  • Надеж за болните
    Разбудете се! 2004
  • 2 | Утеха од Светото писмо
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2023
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2023
wp23 Бр. 1 стр. 10-11
Пророкот Мојсеј кој е тажен гледа кон небото и се моли на Бог.

3 | Како може да ни помогнат примерите од Библијата

ВО БИБЛИЈАТА СЕ ОПИШАНИ... Верни мажи и жени кои имале „исти чувства како и ние“ (ЈАКОВ 5:17, фуснота).

Што значи ова

На страниците на Библијата се запишани вистински искуства на мажи и жени кои се бореле со најразлични чувства. Додека читаме за нив, можеби ќе наидеме на некоја библиска личност која имала исти чувства како и ние.

Како ова може да помогне

Сите имаме потреба другите да разберат како се чувствуваме. Но, ова особено важи кога ни е нарушено менталното здравје. Додека ја читаме Библијата, дознаваме дека и други размислувале и се чувствувале исто како и ние. Како резултат на тоа, сфаќаме дека и тие воделе слична борба и не се чувствуваме толку осамено кога се соочуваме со анксиозност и со чувства кои нѐ вознемируваат.

  • Во Библијата се запишани многу изјави на лица што се чувствувале беспомошно и очајно. Дали некогаш си рекол: „Не можам да издржам веќе“? И Мојсеј, Илија и Давид се почувствувале така (4. Мојсеева 11:14; 1. Царевите 19:4; Псалм 55:4).

  • Во Библијата пишува за една жена по име Ана, која била огорчена во душата бидејќи не можела да има деца и бидејќи морала да го трпи суровото исмевање од втората жена на нејзиниот маж (1. Самоилова 1:6, 10).

  • Во Библијата се зборува за еден човек по име Јов кој, иако имал силна вера во Бог, страдал од длабока емоционална болка и во една прилика рекол: „Ми здодеа! Не сакам... да живеам“ (Јов 7:16).

Тоа што ќе дознаеме како овие библиски личности успешно се справиле со штетните начини на размислување може да ни ја даде потребната сила за да се справиме со нашите тешкотии.

Како може да ни помогне Библијата — Кевин

Како биполарното нарушување влијае врз мене

Кевин пие кафе со двајца пријатели.

„На околу 50-годишна возраст ми беше дијагностицирано биполарно нарушување. Има периоди кога имам чувство дека можам да излезам на крај со сѐ што ќе ми донесе животот. Но, има периоди кога имам чувство дека не вреди да се живее.“

Како ми помага Библијата

„Една библиска личност со која си наоѓам сличности е апостол Петар. Тој направил грешки поради кои се чувствувал безвредно. Но, наместо да остане заробен во таквиот начин на размислување, Петар избирал да биде во друштво на пријатели кои се грижеле за него. Во деновите кога ми е тешко поради моето нарушување, моите слабости може да ме совладаат и да направат да се чувствувам безвредно. Исто како Петар, се трудам да останам близок со моите пријатели, кои ми помагаат да не се откажувам.

Друга библиска личност од која црпам голема утеха е цар Давид. Тој честопати се чувствувал потиштено поради својата ситуација и жалел за грешките што ги направил во минатото. Исто како него, и јас понекогаш ќе кажам или ќе направам нешто за што подоцна се каам. Многу ме тешат зборовите на Давид кои се запишани во Псалм 51. Според стих 3, Давид рекол: ’Ги знам своите престапи, мојот грев е постојано пред мене‘. Ова точно опишува како се чувствувам кога сум потиштен, бидејќи тогаш ми е тешко да размислувам позитивно за себе. Но, и јас му се молам на Бог слично како Давид, чии зборови се запишани во стих 10: ’Создај во мене чисто срце, Боже, и стави во мене нов, постојан дух‘. Ова ми помага поинаку да гледам на себеси. Исто така, многу ме тешат зборовите од стих 17, каде што пишува: ’Срце скршено и здробено, о Боже, нема да презреш‘. Овој стих секогаш одново ме уверува дека Бог ме сака.

Со тоа што се концентрирам на примерите од Библијата и на она што Бог ми го дава уште денес, ми се зајакнува надежта за иднината. Библиските ветувања ми стануваат реални, и тоа ми помага да продолжам понатаму.“

За повеќе совети:

На jw.org, прочитај ја статијата „Да се живее со растројство на расположението“ која излезе во Разбудете се! од 8 април 2004.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели