ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w23 Ноември стр. 31
  • Хулда ја постигнала својата цел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Хулда ја постигнала својата цел
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Сличен материјал
  • Сметкопотврда што ја поткрепува Библијата
    Разбудете се! 2009
  • Објавување на Божјето Царство на островите Фиџи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Никогаш не сум почувствувала таква љубов“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
w23 Ноември стр. 31

Хулда ја постигнала својата цел

АКО пред неколку години сте го посетиле малиот остров Сангир Бесар во Индонезија, можеби сте виделе три наши сестри на плажата. На овој остров тие се добро познати по нивната служба — по тоа што им помагаат на луѓето да ја разберат Библијата. Но во тој период, на плажата, тие правеле нешто сосема друго.

Карта на Индонезија и околните земји. На вметнатата сликичка се гледа малиот остров Сангир Бесар.

Островот Сангир Бесар во Северна Индонезија

Прво, тие влегувале во водата за да најдат големи камења кои потоа ги носеле на брегот. Некои од камењата биле големи колку една фудбалска топка. Потоа, тие седнувале на мали дрвени столчиња и со чекани ги кршеле камењата на парчиња помали од кокошкино јајце. После тоа, ги ставале камењата во пластични кофи и, качувајќи се по скали, ги носеле до местото каде што живеат. На крајот, ги ставале камењата во големи вреќи за да можат да се товараат на камиони и потоа да се користат како материјал за изградба на патишта.

Хулда собира камења на плажата

Една од овие сестри била Хулда. Нејзините околности ѝ дозволувале повеќе часови да ја работи таа работа. Обично, парите што ќе ги заработела ги користела за да ги покрие секојдневните трошоци на нејзиното семејство. Но, сега таа работела затоа што имала уште една цел — сакала да си купи таблет за да има пристап до апликацијата JW Li­brary®. Хулда знаела дека видеоклиповите и другите содржини во апликацијата ќе ѝ помогнат подобро да ја извршува службата и подобро да ја разбере Библијата.

Месец и пол Хулда работела по два часа секое утро, при што успеала да искрши доволно камења за да се наполни еден мал камион. На крајот, таа имала доволно пари за да си купи таблет.

Хулда со нејзиниот таблет

Хулда вели: „Точно е дека од работата бев премногу уморна и имав болки во телото. Но, кога почнав да го користам новиот таблет и видов колку тој ми помага поделотворно да проповедам и полесно да се подготвувам за собраниските состаноци, заборавив на сите болки“. Таа исто така рекла дека таблетот ѝ помогнал за време на пандемијата бидејќи преку него можела да учествува во сите собраниски активности. Се радуваме што Хулда успеала да ја оствари својата цел.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели