ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp25 Бр. 1 стр. 4-5
  • Како војните и конфликтите влијаат врз сите нас

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како војните и конфликтите влијаат врз сите нас
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2025
  • Сличен материјал
  • Кога ќе престанат конфликтите? Што вели Библијата?
    Разно
  • Билиони потрошени на војни — која е вистинската цена?
    Разно
  • Како ќе им дојде крај на војните и конфликтите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2025
  • Војни
    Разбудете се! 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2025
wp25 Бр. 1 стр. 4-5
Слики: 1. Еден војник оди по едно поле, а зад него има тенк. 2. Мажи, жени и деца од различни националности, погодени од војна.

Како војните и конфликтите влијаат врз сите нас

„Од Втората светска војна немало толку голем број насилни конфликти како што има денес, и 2 милијарди луѓе — четвртина од човештвото — живеат на места погодени од такви конфликти“

(Амина Мохамед, заменик генерален секретар на Обединетите нации, 26 јануари 2023).

Војни и насилни конфликти може ненадејно да избијат на места каде што моментално има мир. Дури и оние кои живеат далеку од некој конфликт може да бидат засегнати бидејќи светот е поповрзан од кога и да било порано. А нанесената штета може да трае долго откако ќе заврши конфликтот. Еве некои примери:

  • Слика на две раце кои држат празна чинија.

    Недостиг на храна. Според Светската програма за храна, „конфликтите сѐ уште се најголемата причина за глад и 70 отсто од светското население кое гладува живее на подрачја погодени од војни и насилство“.

  • Слика на тажна жена која со рацете си го покрива лицето.

    Физички и психички здравствени проблеми. Заканата од војна и несигурноста што таа ја носи може да предизвика луѓето да чувствуваат огромен стрес и анксиозност. Оние што живеат на завојувани подрачја се во опасност не само да бидат физички повредени туку и да развијат психички здравствени проблеми. Но за жал, честопати не можат да ја добијат потребната медицинска помош.

  • Слика на едно семејство кое носи големи торби полни со лични работи.

    Принудно раселување. Според Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, до септември 2023 год., повеќе од 114 милиони луѓе низ целиот свет биле принудени да ги напуштат своите домови. Главна причина за ова се војните и насилните конфликти.

  • Слика на едно семејство кое стои пред својот скромен дом.

    Економски проблеми. Војните честопати предизвикуваат економски проблеми, како на пример инфлација. Луѓето страдаат бидејќи голем дел од парите, кои вообичаено би се потрошиле за здравствена грижа и образование, владите ги трошат за да финансираат воени операции. А потребни се и многу пари за повторно да се изгради она што било уништено во војната.

  • Слика на нафта која се излева од една цевка.

    Проблеми со животната средина. Луѓето страдаат кога природните ресурси од кои зависат намерно се уништуваат. Загадувањето на водата, воздухот и почвата може да предизвика долгорочни здравствени проблеми, а опасноста од скриени копнени мини останува долго откако борбите ќе престанат.

Несомнено, војната има разорни последици во секој поглед.

Војните и библиските пророштва

Библиските пророштва откриваат дека војните и насилните конфликти ќе бидат дел од знакот на „свршетокот на овој поредок“ (Матеј 24:3). Исус Христос го прорекол следново:

  • „Ќе чуете за војни на разни места... Зашто, ќе се крене народ против народ и царство против царство“ (Матеј 24:6, 7).

  • „Кога ќе чуете за војни и немири, не плашете се!“ (Лука 21:9).

    Зборот кој е преведен со „немири“, на изворниот јазик може да се однесува на нереди, бунтови, противење на властите, побуни, политички превирања и протести.

За да дознаеш нешто повеќе, прочитај ја статијата „Од каде знаеме дека живееме во ’последните денови‘?“ на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели