ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp25 Бр. 1 стр. 10-13
  • Како ќе им дојде крај на војните и конфликтите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како ќе им дојде крај на војните и конфликтите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • БОГ ЌЕ ГИ ОТСТРАНИ ЧОВЕЧКИТЕ ВЛАДИ
  • БОГ ЌЕ ГО ОТСТРАНИ ГРЕВОТ
  • БОГ ЌЕ ГИ ОТСТРАНИ САТАНА И НЕГОВИТЕ ДЕМОНИ
  • Како гледа Бог на војните денес
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Зошто и понатаму има војни и конфликти
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2025
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2025
wp25 Бр. 1 стр. 10-13
Еден војник е замислен додека седи среде рушевините на еден град уништен од војна.

Луѓето не можат да им стават крај на војните

Како ќе им дојде крај на војните и конфликтите

Библијата открива дека Бог, а не луѓето, ќе им стави крај на „војните до крајот на земјата“ (Псалм 46:9).

БОГ ЌЕ ГИ ОТСТРАНИ ЧОВЕЧКИТЕ ВЛАДИ

Бог ќе им стави крај на човечките влади преку војната која Библијата ја нарекува Армагедонa (Откровение 16:16). Во тоа време, „царевите од целиот свет“ ќе бидат собрани заедно за „војната која ќе се случи во големиот ден на Семоќниот Бог“ (Откровение 16:14). Армагедон е војната на Бог со која ќе им стави крај на сите војни.

Бог ќе ги замени човечките влади со своето Царство, односно влада, кое ќе владее од небото и никогаш нема да биде уништено (Даниел 2:44). Бог го избрал својот Син, Исус Христос, да биде Цар на тоа Царство (Исаија 9:6, 7; Матеј 28:18). Оваа влада е Царствотоb за кое Исус ги поучил своите следбеници да се молат (Матеј 6:9, 10). Целото човештво ќе биде обединето под една глобална влада со која ќе владее Исус.

За разлика од човечките владетели, Исус нема да го користи авторитетот за свој личен интерес. Тој е праведен и непристрасен, и затоа со никој нема да се постапува неправедно поради неговата раса, националност или етничко потекло (Исаија 11:3, 4). И, луѓето нема да треба да се борат за своите права. Зошто? Бидејќи Исус ќе се грижи за доброто на секој поединец. „Тој ќе го избави сиромавиот кој вика за помош, страдалникот и секој што нема помошник... Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа“ (Псалм 72:12-14).

Божјето Царство ќе ја исчисти Земјата од сето смртоносно оружје (Михеј 4:3). А ќе ги отстрани и злобните луѓе кои не престануваат да се борат и да им нанесуваат штета на другите (Псалм 37:9, 10). Секој маж, жена и дете ќе се чувствува безбедно каде и да се наоѓа на Земјата (Езекиел 34:28).

Под Божјата влада, секој ќе живее во совршени услови. Таа ќе ги отстрани проблемите поради кои луѓето се борат, како на пример сиромаштијата, гладот и несоодветните места за живеење. Секој ќе има на располагање изобилство здрава храна и ќе има удобен дом (Псалм 72:16; Исаија 65:21-23).

Под власта на Божјето Царство, ќе бидат отстранети ужасните последици од војните. Во тоа се вклучени не само физичките лузни туку и психичката и емоционалната болка која луѓето ја чувствуваат поради ѕверствата поврзани со војните. Дури и оние кои починале ќе бидат воскреснати и повторно ќе живеат на Земјата (Исаија 25:8; 26:19; 35:5, 6). Семејствата пак ќе бидат заедно и страшните спомени од војните ќе бидат минато (Откровение 21:4).

БОГ ЌЕ ГО ОТСТРАНИ ГРЕВОТ

За време на владеењето на Божјето Царство на Земјата, сите луѓе ќе го обожаваат единствениот вистински Бог, Јеховаc‚ „Богот на љубовта и на мирот“ (2. Коринќаните 13:11). Луѓето ќе научат како да живеат заедно во мир (Исаија 2:3, 4; 11:9). Сите што го применуваат она што го учат ќе бидат ослободени од последиците на гревот (Римјаните 8:20, 21).

БОГ ЌЕ ГИ ОТСТРАНИ САТАНА И НЕГОВИТЕ ДЕМОНИ

Божјето Царство ќе ги уништи оние што подбуцнуваат на војни, Сатана и неговите демони (Откровение 20:1-3, 10). Без нивното злобно влијание, „ќе има голем мир“ (Псалм 72:7).

Можеш да бидеш уверен дека ветувањето на Бог да им стави крај на војните и насилните конфликти ќе се исполни. Тој има и способност и желба да ги отстрани војните.

  • Бог има мудрост и моќ за да им стави крај на војните и насилството (Јов 9:4). Не постои ништо што тој не може да го направи (Јов 42:2).

  • Бог мрази кога гледа дека луѓето страдаат (Исаија 63:9). Исто така, тој „го мрази оној што го сака насилството“ (Псалм 11:5).

  • Бог секогаш си стои на зборот; тој не може да лаже (Исаија 55:10, 11; Тит 1:2).

Бог ќе донесе вистински и траен мир во иднина.

Членовите на едно семејство насмеани седат на еден рид на рајска Земја. Близу нив пасат коњи.

Бог ќе ги отстрани војните

Зошто Бог ги дозволува војните?

Можеби се прашуваш зошто Бог дозволува сѐ уште да има војни. За да го дознаеш одговорот на тоа прашање, гледај го видеоклипот Зошто Бог ги дозволува страдањата? на jw.org.

a Прочитај ја статијата „Што е Армагедон?“ на jw.org.

b Гледај го видеоклипот Што е Божјето Царство? на jw.org.

c Јехова е името на Бог (Псалм 83:18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели