ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp25 Бр. 1 стр. 9
  • Зошто и понатаму има војни и конфликти

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто и понатаму има војни и конфликти
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ГРЕВОТ
  • ЧОВЕЧКИТЕ ВЛАДИ
  • САТАНА И НЕГОВИТЕ ДЕМОНИ
  • Како ќе им дојде крај на војните и конфликтите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2025
  • Како војните и конфликтите влијаат врз сите нас
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2025
  • Зошто луѓето умираат?
    Одговор на библиски прашања
  • Вистинскиот виновник за војните и страдањата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2025
wp25 Бр. 1 стр. 9

Зошто и понатаму има војни и конфликти

Библијата открива кои се главните причини за војните и насилните конфликти и зошто сѐ уште се случуваат овие трагични настани.

ГРЕВОТ

Бог ги создал нашите први родители, Адам и Ева, според својот лик (1. Мојсеева 1:27). Тоа значи дека тие природно ќе ги одразувале Божјите особини, меѓу кои мирот и љубовта (1. Коринќаните 14:33; 1. Јованово 4:8). Меѓутоа, Адам и Ева не го послушале Бог и згрешиле. Како резултат на тоа, сите сме наследиле грев и смрт (Римјаните 5:12). Поради наследениот грев сме склони кон насилни мисли и постапки (1. Мојсеева 6:5; Марко 7:21, 22).

ЧОВЕЧКИТЕ ВЛАДИ

Бог не нѐ создал за да владееме едни над други. Во Библијата пишува: „Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Еремија 10:23). Затоа, човечките влади не можат потполно да ги отстранат војните и насилството.

САТАНА И НЕГОВИТЕ ДЕМОНИ

Библијата открива дека „целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19). „Злобниот“ е наречен Сатана Ѓаволот и е немилосрден убиец (Јован 8:44). Тој и други злобни духовни суштества се невидливите подбуцнувачи на војните и насилството (Откровение 12:9, 12).

Ние не можеме да ги отстраниме главните причини за војните и насилството, но Бог може.

Религијата и војните

Религиите честопати ги одобруваат, ги оправдуваат или ги поддржуваат војните. Тие се лажните религии што Библијата ги нарекува „Големиот Вавилон“ (Откровение 18:2). Бог го смета Големиот Вавилон одговорен за смртта на сите што биле убиени на Земјата (Откровение 18:24). За да дознаеш повеќе, прочитај ја статијата „Што е Големиот Вавилон?“ на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели