ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w25 Април стр. 26-31
  • Млади браќа — следете го примерот на Марко и на Тимотеј

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Млади браќа — следете го примерот на Марко и на Тимотеј
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • СЛЕДИ ГО ПРИМЕРОТ НА МАРКО —СПРЕМНО СЛУЖИ ИМ НА ДРУГИТЕ
  • СЛЕДИ ГО ПРИМЕРОТ НА ТИМОТЕЈ — ПОКАЖУВАЈ ЉУБОВ И ГРИЖА КОН ДРУГИТЕ
  • ИЗВЛЕЧИ КОРИСТ ОД ТАТКОВСКИОТ СОВЕТ НА ПАВЛЕ
  • КОГА ИМ СЛУЖИМЕ НА ДРУГИТЕ, ДОБИВАМЕ БЛАГОСЛОВИ
  • Ги зајакнуваа собранијата
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Одлуки од кои се гледа дека се потпираме на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Браќа — дали имате цел да станете слуга-помошници?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Имај на ум дека Јехова е „живиот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
w25 Април стр. 26-31

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 18

ПЕСНА 65 Напред!

Млади браќа — следете го примерот на Марко и на Тимотеј

Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е корисен за службата (2. ТИМ. 4:11)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да видиме како примерот на Марко и на Тимотеј може да им помогне на младите браќа да ги развијат потребните особини за да можат да им служат на другите во уште поголема мера.

1-2. Кои предизвици можеле да ги спречат Марко и Тимотеј да им служат на другите во уште поголема мера?

МЛАДИ браќа, дали сакате да правите повеќе во службата за Јехова и во уште поголема мера да им помагате на браќата и сестрите во вашето собрание? Сигурно дека сакате. Многу сме среќни кога гледаме дека голем број млади браќа сакаат да им служат на другите (Пс. 110:3). Сепак, можеби се соочувате со предизвици. На пример, дали се колебаш да правиш повеќе во службата за Јехова поради страв од непознатото? Дали си одбил некоја задача затоа што си се плашел дека нема добро да ја извршиш? Ако да, ти не си единствениот што се чувствува така.

2 Марко и Тимотеј се соочиле со слични предизвици. Но, тие не дозволиле стравот од непознатото или тоа што немале доволно искуство да ги спречи да им служат на другите. Кога апостол Павле и Варнава го поканиле Марко да дојде со нив на нивното прво мисионерско патување, тој можеби живеел со својата мајка во нивниот удобен дом (Дела 12:12, 13, 25). Марко ја напуштил познатата средина за да може да прави повеќе во службата за Јехова. Прво, се преселил во Антиохија. Потоа, заедно со Павле и Варнава патувал на други далечни места (Дела 13:1-5). Слично како Марко, и Тимотеј веројатно живеел со своите родители кога Павле го поканил да му се придружи во проповедничкото дело. Бидејќи бил млад и неискусен, Тимотеј можел да си мисли дека не е доволно способен за таа задача. (Спореди со 1. Коринќаните 16:10, 11 и 1. Тимотеј 4:12.) Сепак, тој ја прифатил поканата на Павле и, како резултат на тоа, доживеал многу благослови (Дела 16:3-5).

3. а) Од каде знаеме дека Павле многу ги ценел Марко и Тимотеј? (2. Тимотеј 4:6, 9, 11; види ги и сликите). б) Кои прашања ќе ги разгледаме во оваа статија?

3 Марко и Тимотеј стекнале скапоцено искуство и научиле да се грижат за различни одговорности во собранието уште додека биле млади. Павле толку многу ги ценел овие млади браќа што подоцна, кога сфатил дека неговиот живот е при крај, сакал да бидат покрај него. (Прочитај 2. Тимотеј 4:6, 9, 11.) Поради кои особини Марко и Тимотеј му биле толку мили на Павле? Како младите браќа можат да го следат нивниот пример? И, како може татковскиот совет на Павле да им помогне на младите браќа денес?

Слики: 1. Марко подготвува храна и пијалак за Павле и Варнава. 2. Тимотеј чита писмо пред група старешини кои внимателно го слушаат.

Марко и Тимотеј му биле мили на Павле затоа што спремно се грижеле за различни одговорности уште додека биле млади (види во пасус 3)b


СЛЕДИ ГО ПРИМЕРОТ НА МАРКО —СПРЕМНО СЛУЖИ ИМ НА ДРУГИТЕ

4-5. Како Марко покажал дека сака да им служи на другите?

4 Да им служиш на другите вклучува трудољубиво и истрајно да им помагаш дури и кога тоа е тешко. Марко оставил добар пример во овој поглед. Кога Павле одбил да го земе со себе на второто мисионерско патување, Марко веројатно бил повреден и разочаран (Дела 15:37, 38). Но, тоа не го спречило Марко да им служи на браќата и сестрите.

5 Тој прифатил да служи на друго место заедно со својот братучед Варнава. Околу 11 години подоцна, кога Павле за првпат бил затворен во Рим, Марко бил меѓу оние што му помагале (Филим. 23, 24). Всушност, Павле толку многу ја ценел помошта од Марко, што за него кажал дека му бил „извор на голема утеха“ (Кол. 4:10, 11, Превод Нов свет, ревидирано издание на англиски од 2013).

6. Како му користело на Марко тоа што се дружел со зрели христијани? (Види ја фуснотата.)

6 На Марко многу му користело тоа што бил близок пријател со зрели христијани. Откако некое време бил со Павле во Рим, Марко му се придружил на апостол Петар во Вавилон. Тие толку се зближиле што Петар го нарекол Марко „мојот син“ (1. Пет. 5:13). Додека соработувале, Петар веројатно му раскажувал на својот млад пријател голем број интересни детали од животот и службата на Исус, кои Марко подоцна ги запишал во своето евангелие.a

7. Како еден млад брат по име Сенг Ву го следел примерот на Марко? (Види ја и сликата.)

7 Марко останал зафатен во службата за Јехова и останал близок со духовно зрели браќа. Како можеш да го следиш примерот на Марко? Можеби сакаш да извршуваш некоја задача во службата за Јехова, но сѐ уште не ги исполнуваш условите за тоа. Ако е така, тогаш биди стрплив со себеси и продолжи да бараш други начини на кои можеш да им служиш на Јехова и на собранието. Да го разгледаме примерот на Сенг Ву, кој сега служи како старешина. Кога бил помлад, имал навика да се споредува со други млади браќа. На некои од нив старешините им доделиле некои задачи, но не и нему. Сенг Ву се чувствувал повредено и обесхрабрено, и отворено зборувал за тоа со некои зрели браќа. Еден старешина му предложил да го прави она што може за да им служи на другите дури и ако понекогаш неговите добри дела нема да бидат забележани. Овој совет го поттикнал Сенг Ву да им помага на постарите и на оние на кои им е потребен превоз за состаноците. Присетувајќи се на тоа време, тој вели: „Сфатив што навистина значи да им служиш на другите во поголема мера. Почнав да чувствувам голема радост бидејќи им помагав на другите на практичен начин“.

Еден млад брат превезува со кола еден постар брат на собраниски состанок.

Како ќе им користи на младите браќа тоа што редовно ќе се дружат со духовно зрели браќа? (види во пасус 7)


СЛЕДИ ГО ПРИМЕРОТ НА ТИМОТЕЈ — ПОКАЖУВАЈ ЉУБОВ И ГРИЖА КОН ДРУГИТЕ

8. Зошто Павле го избрал Тимотеј да патува со него? (Филипјаните 2:19-22).

8 Кога требало да се врати во градовите каде што бил прогонуван, на Павле му биле потребни браќа кои имале храброст да патуваат со него. Тој прво избрал еден искусен христијанин по име Сила за да го придружува (Дела 15:22, 40). Подоцна, Павле го избрал и Тимотеј како свој придружник. Што му се допаднало на Павле кај Тимотеј? Една работа била тоа што бил на добар глас (Дела 16:1, 2). Исто така, тој искрено се грижел за луѓето. (Прочитај Филипјаните 2:19-22.)

9. Како Тимотеј покажал дека вистински се грижи за своите браќа и сестри?

9 Уште од времето кога почнал да служи заедно со Павле, Тимотеј покажал дека повеќе се грижи за другите отколку за себеси. Од таа причина, Павле можел да има доверба во него кога го оставил во Верија да ги охрабри новите ученици таму (Дела 17:13, 14). Во таа прилика, Тимотеј без сомнение можел многу да научи од примерот на Сила, кој исто така останал во Верија. Но подоцна, Павле го испратил Тимотеј да оди сам во Солун за да ги зајакне христијаните во тој град (1. Сол. 3:2). Во текот на следните 15 години, Тимотеј научил да плаче „со оние што [плачеле]“ покажувајќи сочувство кон секој што страдал (Рим. 12:15; 2. Тим. 1:4). Како можат младите браќа да го следат примерот на Тимотеј?

10. Како еден брат по име Ву Џеј научил повеќе да се интересира за другите?

10 Еден брат по име Ву Џеј научил повеќе да се интересира за другите. Кога бил помлад, на Ву Џеј му било тешко да разговара со постари браќа и сестри. Затоа, кога ќе ги видел во салата за состаноци, само ќе ги поздравел и ќе си заминел. Еден старешина му предложил да започне разговор со тоа што ќе им каже на своите соверници кои работи ги цени кај нив. Исто така, старешината го поттикнал да размисли што би можело да го интересира лицето со кое зборува. Ву Џеј го применил советот што го добил. Тој денес служи како старешина и вели: „Сега ми е полесно да разговарам со луѓе на различна возраст. Мило ми е што сега подобро разбирам со какви предизвици се соочуваат другите. Тоа ми помага да дознаам што навистина им треба на браќата и сестрите и како да им помогнам“.

11. Како можат младите браќа да научат повеќе да се грижат за другите во нивното собрание? (Види ја и сликата.)

11 Млади браќа, и вие можете да научите повеќе да се грижите за другите. Кога сте на состанок, разговарајте со луѓе од различна возраст и различно потекло. Прашајте ги како се, а потоа слушајте. Со текот на времето, ќе дознаете како можете да им помогнете. Можеби ќе дознаете дека на некој постар брачен пар му треба помош за да научи како да ја користи апликацијата JW Li­brary®. Или можеби ќе дознаете дека им треба соработник за во служба. Дали можете да им помогнете на таквите браќа и сестри околу нивните електронски уреди или дали би можеле да одите заедно со нив во служба на проповедање? Со тоа што ќе преземате иницијатива за да им помагате на другите, ќе бидете добар пример за сите.

Еден млад брат и еден постар брат заедно учествуваат во службата од куќа до куќа. Постариот брат разговара со еден маж, а младиот брат држи таблет на кој се прикажува видеоклип.

Младите браќа можат да помагаат во собранието на различни начини (види во пасус 11)


ИЗВЛЕЧИ КОРИСТ ОД ТАТКОВСКИОТ СОВЕТ НА ПАВЛЕ

12. Како можат младите браќа да извлечат корист од советот што Павле му го дал на Тимотеј?

12 Павле му дал практичен совет на Тимотеј за да му помогне да има посреќен живот и да биде успешен во службата (1. Тим. 1:18; 2. Тим. 4:5). Млади браќа, и вие може да извлечете корист од татковскиот совет на Павле. Како? Прочитајте ги двете писма на Павле до Тимотеј како да се напишани за вас и забележете кој совет можете да го примените во својот живот. Да разгледаме неколку примери.

13. Што ни е потребно за да развиваме силна приврзаност кон Јехова?

13 „Вежбај да му бидеш оддаден на Бог“ (1. Тим. 4:7б). Што значи да му бидеме оддадени на Бог? Тоа значи да чувствуваме силна приврзаност кон Јехова и желба да го правиме она што го радува. Но, бидејќи не се раѓаме со оддаденост кон Бог, тоа е нешто што треба да го развиваме. Како можеме да го правиме тоа? Грчкиот збор преведен со „вежбај“ честопати се користел за да се опише ригорозното вежбање на атлетичарите кои се подготвувале за натпревар. Ним им била потребна самодисциплина. И нам ни е потребна самодисциплина за да развиеме навики кои ќе ни помогнат да бидеме уште поблиски со Јехова.

14. Која треба да биде нашата цел додека ја читаме Библијата? Наведи пример.

14 Додека се трудиш да стекнеш навика да ја читаш Библијата, имај на ум дека твојата цел е да се зближиш со Јехова. На пример, што можеш да научиш од средбата на Исус со богатиот млад поглавар? (Мар. 10:17-22). Младиот човек верувал дека Исус е Месијата, но немал доволно вера за да стане негов ученик. И покрај тоа, Исус почувствувал наклоност кон него. Зарем не си трогнат од начинот на кој Исус зборувал со овој млад човек? Очигледно, Исус сакал тој да донесе мудра одлука. Исто така, Исус ја одразувал Јеховината љубов кон тој млад човек (Јован 14:9). Додека размислуваш за овој извештај и за твоите околности, прашај се: „Што треба да правам за да бидам поблизок со Јехова и за да им служам на другите во поголема мера?“

15. Зошто е важно еден млад брат да биде добар пример за другите? Наведи пример (1. Тимотеј 4:12, 13).

15 „Биди им пример на верните.“ (Прочитај 1. Тимотеј 4:12, 13.) Павле го поттикнал Тимотеј да стекне не само вештини како што се читањето и поучувањето, туку и некои особини како на пример љубов, вера и чистота. Зошто? Бидејќи делата зборуваат погласно од зборовите. Да речеме дека си добил задача да изнесеш говор за тоа како да си ја зголемиме ревноста во службата на проповедање. Ако го даваш твоето најдобро во службата, нема да ти биде непријатно да зборуваш на таа тема. Твојот пример ќе им даде тежина на твоите зборови (1. Тим. 3:13).

16. а) На кои пет подрачја еден млад христијанин може да биде добар пример? б) Како може еден млад брат да биде пример во говорот?

16 Во 1. Тимотеј 4:12, Павле спомнал пет подрачја на кои еден млад брат може да биде добар пример. Дали би можел во текот на твоето лично проучување да одвоиш време за да размислуваш за секое од овие подрачја? Да претпоставиме дека сакаш да оставиш подобар пример „во говорот“. Размислувај на кои сѐ начини би можел да го користиш твојот говор за да ги храбриш другите. Ако сѐ уште живееш со твоите родители, дали би можел почесто да им се заблагодаруваш за она што го прават за тебе? По состаноците, дали би можел да му кажеш на некој што имал учество во програмата што ти се допаднало од неговата точка? Исто така, би можел да се трудиш да коментираш со свои зборови на состаноците. Со тоа што ќе вложуваш труд да бидеш пример во говорот ќе покажеш дека духовно напредуваш (1. Тим. 4:15).

17. Што ќе му помогне на еден млад брат да ги оствари своите духовни цели? (2. Тимотеј 2:22).

17 „Бегај од желбите на младоста, а тежнеј кон праведност.“ (Прочитај 2. Тимотеј 2:22.) Павле го поттикнал Тимотеј да се бори против желбите кои би можеле да му го одвлечат вниманието од неговите духовни цели и да му го нарушат пријателството со Јехова. Можеби и ти ќе сфатиш дека некои активности, кои сами по себе не се погрешни, ти оставаат малку време за духовните активности. На пример, размисли за тоа колку време трошиш на спортување, пребарување на интернет или играње видеоигри. Дали би можел дел од тоа време да го искористиш на теократски активности? На пример, би можел да се ставиш на располагање да помагаш околу одржувањето на салата за состаноци или би можел да учествуваш во сведочењето со колички. Ако се вклучиш во такви активности, веројатно ќе стекнеш нови пријатели кои ќе ти помогнат да си поставиш духовни цели и да ги оствариш.

КОГА ИМ СЛУЖИМЕ НА ДРУГИТЕ, ДОБИВАМЕ БЛАГОСЛОВИ

18. Зошто можеме да кажеме дека Марко и Тимотеј имале среќен и исполнет живот?

18 Марко и Тимотеј правеле жртви за да им служат на другите во поголема мера и, како резултат на тоа, имале среќен и исполнет живот (Дела 20:35). За да им служи на своите соверници, Марко патувал на различни делови од светот. Исто така, тој напишал возбудлив извештај за животот и службата на Исус. Тимотеј му помогнал на Павле да основа собранија и да ги храбри браќата и сестрите. Очигледно, Јехова бил задоволен од самопожртвуваноста на Марко и Тимотеј.

19. Зошто младите браќа треба да го применат советот што Павле му го дал на Тимотеј, и кој ќе биде резултатот?

19 Од писмата што Павле му ги напишал на Тимотеј можело да се види колку многу го сакал. Но, Јехова бил тој што го водел Павле да ги напише тие писма, и затоа тие покажуваат колку многу Јехова ве сака и вас драги млади браќа. Тој сака да имате исполнет живот додека му служите. Затоа, дајте сѐ од себе за да го примените татковскиот совет на Павле и развијте желба да им служите на другите во уште поголема мера. Ако го направите тоа, ќе имате прекрасен живот сега и „[ќе го освоите] вистинскиот живот“ што наскоро ќе дојде (1. Тим. 6:18, 19).

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Што научи од примерот на Марко?

  • Како можеш да го следиш примерот на Тимотеј и да покажеш дека вистински се грижиш за другите?

  • Кој совет од апостол Павле може да му помогне на еден млад брат духовно да напредува?

ПЕСНА 80 „Вкусете и видете колку е добар Јехова!“

a Бидејќи бил човек со длабоки чувства, Петар можел живо да му опише на Марко како Исус се чувствувал и како реагирал во различни ситуации. Ова можеби објаснува зошто во своето евангелие Марко честопати ги опишува чувствата и постапките на Исус (Мар. 3:5; 7:34; 8:12).

b ОПИС НА СЛИКАТА: Марко се грижи за потребите на Павле и Варнава за време на нивното мисионерско патување. Тимотеј е во посета на едно собрание и спремно ги зајакнува и ги храбри браќата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели