ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mrt статија 15
  • Како полесно да ја поднесеш изолацијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како полесно да ја поднесеш изолацијата
  • Разно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Обрни внимание на своите духовни потреби
  • Читај утешни стихови од Библијата
  • Потруди се да дознаеш зошто состојбата во светот е толку лоша
  • Не си го зголемувај стресот
  • Остани во контакт со пријателите и стекни нови пријателства
  • Биди физички активен
  • Трајни пријателства во свет без љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Фрлете ги сите грижи на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Ти можеш да се радуваш на трајни пријателства
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Мудро бирај ги своите пријатели
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Разно
mrt статија 15
Една жена која е дома гледа низ прозорецот.

Како полесно да ја поднесеш изолацијата

Дали се чувствуваш изолирано и осамено? Можеби се бориш со слични чувства како еден псалмист кој рекол: „Станав како самотна птица на покрив“ (Псалм 102:7). Мудрите совети од Библијата можат да ти помогнат полесно да се справиш со проблемите кои може да ги предизвика изолацијата.

  • Обрни внимание на своите духовни потреби

  • Читај утешни стихови од Библијата

  • Потруди се да дознаеш зошто состојбата во светот е толку лоша

  • Не си го зголемувај стресот

  • Остани во контакт со пријателите и стекни нови пријателства

  • Биди физички активен

Обрни внимание на своите духовни потреби

Дури и додека си во изолација, можеш да бидеш среќен ако си свесен за своите духовни потреби и ако се трудиш да ги задоволиш (Матеј 5:3, 6). Следниве бесплатни содржини можат да ти помогнат во тоа.

  • Онлајн Библија — точен превод кој лесно се разбира

  • Онлајн библиски курс кој дава одговор на некои од најважните животни прашања

  • Кратки видеоклипови во врска со основните библиски учења

  • „Одговор на библиски прашања“ — директни одговори на прашања кои луѓето често ги поставуваат

  • „Угледајте се на нивната вера“ — статии во кои се зборува за некои верни Божји слуги од минатото

  • „Случајно или создадено?“ — статии за природните убавини и за сложеноста на живиот свет

Читај утешни стихови од Библијата

Многу луѓе нашле утеха во библиските стихови кои се наведени подолу. Додека си во изолација, искористи ја приликата да прочиташ некои стихови од Библијата, да размислуваш за нив и да му се молиш на Бог (Марко 1:35).

  • Псалм 23:1-6

  • Псалм 34:1-22

  • Псалм 46:1-11

  • Псалм 63:6-8

  • Псалм 91:1-6

  • Матеј 6:25-34

  • 2. Коринќаните 1:3, 4

  • Филипјаните 4:6, 7

  • 1. Петрово 5:6, 7

Потруди се да дознаеш зошто состојбата во светот е толку лоша

Ако знаеш зошто во светот има толку страдања и зошто Бог сѐ уште не ги решил сите проблеми, ќе можеш полесно да ја поднесеш и својата ситуација (Исаија 65:17).

  • Зошто Бог ги дозволува страдањата?

  • Што вели Библијата за здравјето и за болестите?

  • Од каде знаеме дека живееме во „последните денови“?

  • Што претставуваат четирите јавачи на апокалипсата?

  • Какви промени ќе направи Божјето Царство на Земјата?

Не си го зголемувај стресот

Некои статии кои зборуваат за следниве теми можат да ти помогнат да се справиш со стресот предизвикан од изолацијата и да не бидеш претерано загрижен за иднината (Матеј 6:25).

  • Како да се справиш со стресот

  • Труди се да останеш позитивен

  • Грижи поради разни опасности

  • Грижи во поврзаност со парите

  • Грижи кои ги мачат младите

Остани во контакт со пријателите и стекни нови пријателства

Пријателствата ни помагаат да останеме здрави во психички и емоционален поглед. Тие се особено важни кога сме физички одвоени од оние што ги сакаме. Ако си во изолација или, пак, од други причини не можеш да излезеш од дома, можеш да се поврзеш со другите преку видеоконференциска линија или да се слушаш со нив по телефон. Така ќе можеш да ги задржиш пријателите што ги имаш и да стекнеш нови пријателства. Следниве статии можат да ти помогнат да си најдеш вистински пријатели, а и самиот да бидеш таков пријател (Изреки 17:17).

  • Што е вистински пријател?

  • Треба ли да си го проширам кругот на пријатели?

  • Што ако мислиш дека немаш пријатели?

  • Биди дарежлив пријател

  • Биди им благодарен на своите пријатели

Биди физички активен

Физичката активност е корисна. Може да влијае добро врз нашето психичко здравје, особено ако сме во изолација. Дури и ако не можеш да излегуваш од дома, можеш да правиш нешто за да бидеш физички активен.

  • Движи се

  • Зачувај го своето физичко и психичко здравје

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели