Дали напорите за мир навистина можат да донесат мир во светот?
Во светот постојано има војни и вооружени судири. Затоа, Обединетите нации и други организации учествуваат со свои претставници во мировниa операции во кризните жаришта. Тие се надеваат дека ќе помогнат да се стабилизираат подрачјата каде што има многу насилство. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вели: „Мировниците на Обединетите нации се најважниот дел од нашите напори да има повеќе мир во светот“.
Низ годините, мировните операции дадоа одредени резултати. На пример, тие придонесоа да се заштитат цивили, да се вратат бегалци во нивните земји, да се достави хуманитарна помош и повторно да се изгради оштетената инфраструктура. Но, напорите за мир наидуваат на сериозни пречки кои го ограничуваат нивниот успех. Дали некогаш ќе има трајни решенија кои ќе водат до вистински мир во светот? Што вели Библијата во врска со ова?
Пречки на напорите за мир и библиски решенија
Пречка: лоша соработка. Соработката помеѓу голем број различни воени и цивилни организации, кои обично доаѓаат од разни земји, не е секогаш лесна. Понекогаш, на таквите организации им е тешко да соработуваат поради недоразбирања и различни интереси.
Библиско решение: „Небесниот Бог ќе подигне царство, кое... ќе ги уништи сите други царства [човечките влади], а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44).
Во блиска иднина, Бог ќе им стави крај на сите војни и ќе воспостави мир во целиот свет (Псалм 46:8, 9). Тој ќе ги замени сите влади на Земјата со една единствена влада: Божјето Царство. Таа совршена влада, која ќе владее од небото, ќе ги отстрани сите воени конфликти од Земјата. Затоа, повеќе нема да има потреба од човечки организации кои се залагаат за мир.
Пречка: ограничени средства и способности. Мировните операции немаат секогаш доволно луѓе, финансиска поддршка или други средства и тоа ги ограничува нивните можности. Освен тоа, луѓето кои учествуваат во тие операции мора да работат во подрачја каде што ситуацијата е многу комплицирана и опасна.
Библиско решение: „Богот на нашиот Господар Исус Христос... го седна [Исус] откај својата десница на небесата, далеку над секоја влада и власт и сила“ (Ефешаните 1:17, 20, 21).
Семоќниот Бог Јеховаb му дал на Исус, кого го поставил за Цар на Божјето Царство, сѐ што му е потребно за успешно да владее (Даниел 7:13, 14c). Бог му дал на Исус далеку поголема моќ, знаење, мудрост и проникливост отколку што има која и да било човечка влада или организација (Исаија 11:2). Освен тоа, Исус има и војска од моќни ангели која му стои на располагање (Откровение 19:14). Ниту една ситуација не е премногу комплицирана или претешка за него.
Со средствата и способностите што му ги дал Бог, Исус нема само да ги отстрани војните. Тој ќе воспостави вистински мир и безбедност за сите кои ќе живеат под власта на Божјето Царство (Исаија 32:17, 18).
Пречка: законски ограничувања. Понекогаш, луѓето кои работат за мировните организации не можат да го направат она што треба бидејќи немаат јасни упатства во врска со тоа што смеат да направат или што се очекува од нив, или поради законски ограничувања. Како резултат на тоа, тие не можат успешно да ги заштитат другите ниту потполно да ги остварат своите цели.
Библиско решение: Исус рекол: „Дадена ми е сета власт на небото и на земјата“ (Матеј 28:18).
Бог му дал на Исус јасни упатства да воспостави мир во светот и го овластил да го спроведе тоа (Јован 5:22). Исус никогаш нема да постапи неправедно, ниту пак ќе ја злоупотреби својата положба (Исаија 11:3-5). Затоа, не нѐ чуди што Библијата го нарекува Исус „Кнез на Мирот“, чие Царство е втемелено „врз правдата и врз праведноста“ (Исаија 9:6, 7).
Божјето Царство ќе донесе вистински мир
Човечките мировни организации можат до одредена мера да донесат стабилност и можеби да стават крај на вооружениот конфликт во некој регион. Но, тие не можат да ја отстранат главната причина за насилството — омразата која тлее во срцата на многу луѓе.
„Главниот проблем е што не можеш да го одржиш мирот ако тој всушност не постои“ (Денис Џет, поранешен американски амбасадор).
Од друга страна, Божјето Царство има моќ да воспостави вистински мир бидејќи им помага на луѓето да ја искоренат омразата од нивните срца. На пример, додека бил на Земјата, Исус со своите зборови и постапки ги поучил своите следбеници како да бидат во мир со другите и како да покажуваат љубов. Тоа се гледа од следниве библиски стихови:
Исто така, Исус рекол дека поданиците на Божјето Царство ќе се препознаваат по љубовта што ја покажуваат кон другите. Библијата јасно покажува дека во Божјето Царство ќе нема место за оние кои ги мразат луѓето:
Јехова Бог, кој ги создал луѓето, знае кој е најдобриот и единствениот начин да се воспостави мир во светот. Неговото Царство ќе успее да го направи она што не успеале да го направат луѓето, вклучувајќи ги и нивните напори да воспостават мир во светот.
a Обединетите нации и други организации исто така користат термини како што се: „воспоставување мир“, „градење мир“, „мировни операции“ и „одржување на мирот“.
b Јехова е името на Бог (Псалм 83:18). Види ја статијата „Кој е Јехова?“
c Изразот „син човечки“, кој се спомнува во Даниел 7:13, 14, се однесува на Исус Христос (Матеј 25:31; 26:63, 64).