ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 23
  • Што ако другите ме озборуваат?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ако другите ме озборуваат?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто може да те вознемири?
  • Лоша вест: Секогаш ќе има озборување
  • Добра вест: Не мора да има контрола над тебе
  • Што има толку лошо во оговарањето?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Што има толку лошо во оговарањето?
    Разбудете се! 1999
  • Како да ги прекинам оговарањата?
    Разбудете се! 2007
Младите прашуваат
ijwyp статија 23

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што ако другите ме озборуваат?

  • Како би одговорил?

  • Зошто може да те вознемири?

  • Лоша вест: Секогаш ќе има озборување

  • Добра вест: Не мора да има контрола над тебе

Како би одговорил?

  1. Замисли си дека некој другар те озборувал. Ќе можеш ли да го заборавиш тоа што се случило?

    • Без проблем.

    • Тешко.

    • Невозможно.

  2. Замисли си дека некој другар те озборувал. Ќе можеш ли смирено да разговараш со него во врска со тоа?

    • Без проблем.

    • Тешко.

    • Невозможно.

  3. Замисли си дека некој другар те озборувал. Ама, и ти знаеш нешто „интересно“ во врска со него. Ќе можеш ли да не им го раскажеш тоа на другите?

    • Без проблем.

    • Тешко.

    • Невозможно.

Ако на некое од овие прашања одговори со „тешко“ или „невозможно“, оваа статија ќе ти помогне полесно да се справиш со озборувањето.

Зошто може да те вознемири?

Понекогаш озборувањето може да биде злонамерно. На пример, со озборувањето да се шири лага што може да ти го уништи угледот. Но, дури и ако озборувањето не е толку сериозно, може да те вознемири — особено ако излегло од устата на некој што си мислел дека ти е близок (Псалм 55:12-14).

„Дознав дека една другарка зад мој грб им зборувала на другите дека не ми е гајле за никого. Е ова стварно ме болеше! Не можам да сфатам зошто би направила такво нешто“ (Ешли).

Факт: Без разлика дали тој што те озборувал ти е другар или не, воопшто не е пријатно да дознаеш дека други луѓе зборувале лошо за тебе.

Лоша вест: Секогаш ќе има озборување

Луѓето озборуваат од различни причини. Еве некои од нив:

Искрено се интересираат за другите. Луѓето се друштвени битија. Затоа е нормално да зборуваме еден за друг. Всушност, и самата Библија нѐ поттикнува до одреден степен да покажуваме интерес за другите (Филипјаните 2:4).

„Другите луѓе се секогаш најинтересна тема за разговор“ (Бјанка).

„Да си признаам, сакам да знам како им оди на луѓето во животот и да им го раскажам тоа и на други. Немам поим зошто, едноставно ми е забавно“ (Кети).

Немаат попаметна работа. Во библиски времиња имало луѓе кои не го трошеле слободното време за ништо друго, освен за да кажат или да чујат нешто ново (Дела 17:21). Исто е и денес.

„Понекогаш кога не се случува нешто интересно, луѓето си прават филмови за да имаат тема за разговор“ (Џоана).

Немаат самодоверба. Во Библијата пишува дека не треба да се споредуваме со другите (Галатите 6:4). За жал, некои луѓе ги озборуваат другите за самите да се чувствуваат подобро.

„Штетното озборување обично кажува какви се оние што го шират. Со тоа, тие откриваат дека длабоко во себе му завидуваат на оној што го озборуваат. Шират муабети за некој друг, само за да се чувствуваат подобро, да се убедат дека се подобри од него“ (Фил).

Факт: Без разлика дали ти се допаѓа или не, луѓето ќе зборуваат за други луѓе, а и за тебе.

Добра вест: Не мора да има контрола над тебе

Факт е дека не можеш да го спречиш секое озборување, но можеш да избереш како ќе реагираш на него. Ако дознаеш дека е пуштен некаков муабет, можеш да реагираш најмалку на два начина.

1. Да го игнорираш. Честопати најдоброто решение е озборувањето да не го земаш при срце, особено ако е за нешто неважно или бесмислено. Примени ги следниве зборови од Библијата: „Немој брзо да се навредуваш“ (Проповедник 7:9).

„Еднаш беше пуштен муабет дека имам дечко — некој што не го ни познавам. Кога чув, се згазив од смеење“ (Елиз).

„Најдоброто оружје против озборувањето е да бидеш на добар глас. Дури и кога за тебе кружи некаков трач, ако повеќето луѓе имаат добро мислење, малкумина ќе поверуваат во него. На крајот, вистината секогаш излегува на виделина“ (Алисон).

Предлог: Запиши 1) што се зборувало за тебе и 2) како се чувствуваш поради тоа. Ова може да ти помогне да останеш смирен и полесно да заборавиш (Псалм 4:4).

2. Зборувај со оној што почнал да го шири озборувањето. Во некои случаи, озборувањето може да биде сериозно и затоа ќе треба да зборуваш со оној што го започнал.

„Ако се соочиш со оние што те озборувале, можеби ќе сфатат дека муабетите што ги шират за некого кога-тогаш ќе дојдат и до негови уши. А можеби ќе успееш и да ги расчистиш работите“ (Елис).

Пред да разговараш со лицето што те озборувало, размисли за следниве библиски начела и за наведените прашања.

  • „Кој одговара пред да сослуша, тоа е за него глупост и срам“ (Изреки 18:13). ,Дали имам целосна слика за работите? Можно ли е оној што ми кажа каков муабет се шири за мене погрешно да ги сфатил работите?‘

  • „Секој човек треба да биде брз на слушање, а бавен на зборување и бавен на гнев“ (Јаков 1:19). ,Кој е најдобриот момент за да разговарам со лицето што ме озборувало? Дали сум сигурен дека реално гледам на работите? Или подобро е да дозволам да помине некое време за да се смирам?‘

  • „Постапувајте со луѓето онака како што сакате тие да постапуваат со вас“ (Матеј 7:12, Радосна Вест). ,Ако јас бев на негово место, како ќе сакав да ми пристапи? Каде и кога би сакал да се води разговорот? На кој начин би сакал да зборува со мене?‘

Предлог: Пред да разговараш со оној што те озборувал, запиши си што планираш да кажеш. Потоа, почекај седмица или две, препрочитај го тоа што си го напишал и види дали би сменил нешто. Освен тоа, добро е и да побараш совет од татко ти или мајка ти или, пак, од некој зрел пријател.

Факт: Како и многу други работи во животот, озборувањето е нешто над кое немаш секогаш контрола. Но, тоа не значи дека озборувањето мора да има контрола над тебе.

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

„Некои озборувања се смешни, додека други се малку посериозни. Ако муабетите се за нешто неважно, едноставно не вреди да се секираш. Но, ако се за нешто сериозно — нешто што може да ти го сруши угледот — можеби ќе треба да разговараш со оној што го почнал озборувањето“ (Бријана).

„Кога некој те озборува, немој да му враќаш мило за драго така што и ти ќе почнеш да го озборуваш. Ако постапуваш така, ќе паднеш на негово ниво“ (Оливија).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели