ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 29
  • Што треба да направам кога ќе згрешам?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што треба да направам кога ќе згрешам?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што би направил ти?
  • Зошто е добро да си ги признаеш грешките?
  • Учи од своите грешки
  • Што треба да направам кога ќе згрешам?
    Младите прашуваат — 10 практични одговори
  • Зошто да се признае грешката?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Како гледаш на грешките?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Дали учиш од своите грешки?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 29
Две деца гледаат во стакло од кола кое го скршиле со топка

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што треба да направам кога ќе згрешам?

  • Што би направил ти?

  • Зошто е добро да си ги признаеш грешките?

  • Учи од своите грешки

Што би направил ти?

Прочитај што ѝ се случило на Карина и размисли што би направил ти да си на нејзино место.

Карина: „Еднаш, додека возев накај школо, ме сопре еден полицаец и ми пиша казна за брзо возење. Многу се изнервирав! Ѝ кажав на мама за тоа, а таа ми рече дека мора да му кажам и на тато. Ми се стемни пред очи“.

Што би направил ти?

  1. А: Ќе се правам како ништо да не се случило, надевајќи се дека тато нема да дознае.

  2. Б: Ќе му ја кажам вистината на тато.

Можеби попрво би ја избрал опцијата под А. На крајот на краиштата, можеби мајка ти ќе си мисли дека си му кажал на татко ти за она што се случило и нема да му спомне ништо. Но, има добри причини зошто треба да си ги признаеш грешките, сеедно дали станува збор за некој сообраќаен прекршок или за нешто друго.

Зошто е добро да си ги признаеш грешките?

  1. 1. Затоа што тоа е исправно и чесно. Христијаните треба да живеат во склад со следниве зборови од Библијата: „Сакаме во сѐ да постапуваме чесно“ (Евреите 13:18).

    „Многу се трудам да бидам искрена, да ги сносам последиците за моите постапки и да ги признаам грешките што ќе ги направам“ (Алексис).

  2. 2. Затоа што другите се поспремни да им простат на оние што ги признаваат своите грешки. Во Библијата пишува: „Кој ги крие престапите свои, ќе нема успех, а оној што ги признава и ги остава, ќе биде помилуван“ (Изреки 28:13).

    „Потребна е храброст за да се признае некоја грешка, но така се стекнува довербата на другите. На тој начин ќе покажеш дека си искрен. Кој си признава, пола му се простува“ (Ричард).

  3. 3. Затоа што тоа го радува Јехова. Ова е најважната причина зошто треба да си ги признаваме грешките. Во Библијата стои: „На Јехова му е одвратен расипаниот човек, а близок е со справедливите“ (Изреки 3:32).

    „Откако направив една сериозна грешка, сфатив дека, ако сакам Јехова да ме благослови, морам да ја признаам“ (Рејчел­).

Што направила Карина? Наместо да му ја признае грешката на татко ѝ, се обидела да ја скрие казната што ја добила. Но, вистината излегла на виделина. Таа вели: „Една година подоцна, татко ми ги прегледуваше документите за осигурување и виде дека сум добила казна. Со тоа си направив уште поголема беља — дури и мајка ми беше лута што не сум ја послушала!“

Поука: Карина вели: „Ако ги криеме грешките, уште повеќе ќе заглавиме. Кога-тогаш, ќе мора да поднесеме сметка за она што сме го направиле!“

Учи од своите грешки

Нема човек кој не прави грешки (Римјаните 3:23; 1. Јованово 1:8). Но, ако веднаш ги признаваме, ќе покажеме дека сме понизни и зрели личности.

Сепак, не е доволно само да признаеме дека сме згрешиле. Треба и да учиме од своите грешки. За жал, некои млади ја пропуштаат оваа можност. Тие можеби се чувствуваат исто како Присила, која вели: „Порано многу ми паѓаше тешко кога ќе направев некоја грешка. Бидејќи имав лошо мислење за себе, секоја грешка ме фрлаше во длабок очај. Се чувствував бедно и мислев дека сум изгубен случај“.

Девојка вози кола и гледа во ретровизор

Ако и ти понекогаш се бориш со слични чувства, имај го на ум следново: Ако постојано размислуваш за грешките што си ги направил во минатото, тоа е исто како постојано да гледаш во ретровизорот додека возиш. Ако се концентрираш на минатото, ќе се чувствуваш безвредно и ќе немаш сила да се соочиш со предизвиците што ги носи иднината.

Наместо тоа, обиди се да гледаш на своите грешки од еден поинаков агол.

„Одвреме-навреме потсети се на своите грешки, учи од нив и труди се да не ги повториш. Но, немој цело време да си ги вртиш во глава за да не се обесхрабриш“ (Елиот).

„Се обидувам од секоја грешка да научам како да бидам подобра личност и како да постапам во слична ситуација. Тоа ќе ми помогне да станам позрела“ (Вера).

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

Конор

„Кога ќе направат некоја грешка, некои мислат дека е крај на светот, а други мува не ги лази. Најдобро е да бидеме урамнотежени. Треба да размислуваме за нашите грешки со цел да научиме нешто и да не ги повторуваме, но не треба да се преокупираме со нив“ (Конор).

Деми

„Кога некој тркач ќе падне, не мисли на тоа колку се посрамотил, туку ја користи својата сила за да стане и да ја заврши трката. И ние треба да постапиме така кога ќе згрешиме. Ако се трудиме да учиме од своите грешки и ако гледаме напред, ќе станеме подобри личности“ (Деми).

Сепфора

„Добро е да се потсетуваме на нашите грешки, ама не и да се измачуваме со нив. Немој да им дозволиш да те прогонуваат. Извлечи поука од грешките и немој да ги повторуваш. Прифати ги како животна лекција и продолжи понатаму“ (Сепфора).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели