ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 81
  • Што е светиот дух?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е светиот дух?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Погрешни мислења во врска со светиот дух
  • Светиот дух — Божја делотворна сила
    Дали треба да се верува во Тројство?
  • Да се препознае светиот дух
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Што е светиот дух?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • ‚Во името на светиот дух‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 81
Лисје разнесени од ветрот

Што е светиот дух?

Што вели Библијата:

Светиот дух е силата со која се служи Бог (Михеј 3:8; Лука 1:35). Бог го користи својот дух така што ја пренесува својата енергија таму каде што е потребно за да го направи она што го наумил (Псалм 104:30; 139:7).

Во Библијата, хебрејскиот збор за „дух“ гласи руах, а грчкиот пневма. Најчесто овие зборови се однесуваат на Божјата сила, односно светиот дух (1. Мојсеева 1:2). Сепак, во Библијата тие се користат и со друго значење:

  • здив (Авакум 2:19; Откровение 13:15)

  • ветар (1. Мојсеева 8:1; Јован 3:8)

  • животна сила (Јов 34:14, 15)

  • нечиј нарав или став (4. Мојсеева 14:24)

  • духовни суштества како, на пример, Бог и ангелите (1. Царевите 22:21; Јован 4:24)

Сите овие значења укажуваат на нешто што е невидливо за човечкото око, но има видливи резултати. Еден речник го споредува Божјиот дух со „ветрот бидејќи е невидлив, нематеријален и моќен“ (An Expository Dictionary of New Testament Words, од W. E. Vine).

Освен тоа, Библијата го опишува Божјиот дух како Божји „раце“ или „прсти“ (Псалм 8:3; 19:1; Лука 11:20; спореди со Матеј 12:28). Исто како што еден мајстор ги користи своите раце и прсти додека работи, така и Бог го користел својот дух за следниве цели:

  • да го создаде универзумот (Псалм 33:6; Исаија 66:1, 2)

  • да биде запишана Библијата (2. Петрово 1:20, 21)

  • да им помогне на своите слуги во минатото да прават чуда и да проповедаат (Лука 4:18; Дела 1:8; 1. Коринќаните 12:4-11)

  • да им помогне на оние што му се послушни да стекнат убави особини (Галатите 5:22, 23)

Светиот дух не е личност

Со тоа што го нарекува Божјиот дух „раце“, „прсти“ или „здив“, Библијата покажува дека светиот дух не е личност (2. Мојсеева 15:8, 10). Рацете на мајсторот не можат да функционираат сами од себе, независно од неговиот ум и тело. Слично на тоа, Божјиот свет дух дејствува само под водство на Бог (Лука 11:13). Исто така, Библијата го споредува Божјиот дух со вода и го поврзува со вера и со знаење. Ваквите споредби покажуваат дека светиот дух не е живо суштество (Исаија 44:3; Дела 6:5; 2. Коринќаните 6:6).

Во Библијата е запишано името на Бог — Јехова, како и името на неговиот Син — Исус Христос; сепак, никаде не се спомнува дека светиот дух има име (Исаија 42:8; Лука 1:31). Пред да биде погубен поради својата вера, христијанинот Стефан добил небесно видение во кое видел само две личности, а не три. Библијата вели: „А тој, полн со свет дух, го впери погледот кон небото и ја здогледа Божјата слава и Исус како стои од десната страна на Бог“ (Дела 7:55). Стефан го добил ова видение со помош на светиот дух, односно Божјата сила.

Погрешни мислења во врска со светиот дух

Погрешно мислење: Светиот дух е личност и е дел од Тројството, како што пишува во 1. Јованово 5:7, 8 во Преводот на МПЦ.

Вистина: Во 1. Јованово 5:7, 8 во Преводот на МПЦ се вклучени и зборовите: „На небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Троица се едно. И Троица се, Кои сведочат на земјата“. Сепак, истражувачите откриле дека овие зборови не ги напишал апостол Јован и според тоа не се дел од Библијата. Професорот Брус Мецгер напишал: „Овие зборови се додадени и воопшто не треба да бидат дел од Новиот Завет“ (A Textual Commentary on the Greek New Testament).

Погрешно мислење: Библијата му припишува човечки карактеристики на светиот дух, а тоа покажува дека станува збор за личност.

Вистина: Некои библиски стихови му припишуваат човечки карактеристики на светиот дух, но тоа не значи дека светиот дух е личност. Во Библијата им се придаваат вакви карактеристики и на мудроста, смртта и гревот (Изреки 1:20; Римјаните 5:17, 21). На пример, за мудроста се вели дека има „дела“ и „деца“, а за гревот се вели дека заведува, убива и предизвикува неисправни желби (Матеј 11:19; Лука 7:35; Римјаните 7:8, 11).

Кога апостол Јован ги цитирал зборовите на Исус, го нарекол светиот дух „помошник“ кој требало да покаже што е грев, да упатува, да зборува, да слуша, да објавува, да прослави и да прима. Кога се осврнал на „помошникот“, Јован користел заменка од машки род — „тој“ (Јован 16:7-15). Но, го сторил тоа бидејќи грчкиот збор за „помошник“ (параклетос) е од машки род, а според грчката граматика, во такви случаи треба да се користи лична заменка од машки род. Кога Јован се осврнал на светиот дух користејќи ја именката пневма, која е од среден род, тој ја употребил личната заменка од среден род — „тоа“ (Јован 14:16, 17).

Погрешно мислење: Тоа што се крштаваме во името на светиот дух покажува дека тој е личност.

Вистина: Понекогаш во Библијата се користи зборот „име“ за да се нагласи нечија моќ и авторитет (5. Мојсеева 18:5, 19-22; Естира 8:10). На пример, изјавата: „Во името на законот“ не значи дека законот е личност. Оној што се крстил „во името“ на светиот дух ја признава моќта и улогата на светиот дух во исполнувањето на Божјата волја (Матеј 28:19).

Погрешно мислење: Апостолите на Исус и другите први христијани верувале дека светиот дух е личност.

Вистина: Ниту Библијата ниту историјата не го потврдуваат ова мислење. Во Encyclopædia Britannica пишува: „Светиот дух бил дефиниран како божествена личност...на Вселенскиот собор во Константинопол во 381 год.“ Ова се случило повеќе од 250 години по смртта на последниот апостол.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели