ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 41
  • Како да ја контролирам лутината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ја контролирам лутината?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Квиз
  • Зошто е важно
  • Што можеш да правиш
  • Што да сторам против својата избувливост?
    Разбудете се! 2009
  • Како да не избувнеш
    Разбудете се! 2015
  • Зошто да ја контролирате лутината?
    Разбудете се! 1997
  • Како да си ги контролирам чувствата?
    Разбудете се! 2005
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 41
На лицето на еден тинејџер се гледа: 1. Смиреност; 2. Незадоволство; 3. Лутина

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да ја контролирам лутината?

  • Квиз

  • Зошто е важно

  • Што можеш да правиш

  • Што велат други млади

Квиз

  • Колку често се случува да се налутиш?

    • скоро никогаш

    • понекогаш

    • секој ден

  • До кој степен се лутиш?

    • малку

    • многу

    • вријам

  • На кого најчесто се лутиш?

    • на родителите

    • на брат ми или сестра ми

    • на пријателите

Ако ти е тешко да ја контролираш лутината, оваа статија ќе ти помогне! Прво, размисли за некои причини зошто е важно да останеш смирен во напната ситуација.

Зошто е важно

Поради твоето здравје. Изреки 14:30 вели: „Мирното срце е живот за телото“. А списанието Journal of Medicine and Life вели дека „лутината може да има директно влијание врз кардиоваскуларните болести“.

Поради твоите пријатели. Библијата вели: „Не дружи се со оној што е склон кон лутина и не оди со човек кој лесно се разгневува“ (Изреки 22:24). Затоа ако често се лутиш, не се чуди ако другите те избегнуваат. „Ако не научиш да се контролираш“, вели една девојка по име Џасмин, „ќе изгубиш скапоцени пријателства“.

Поради твојот углед. „Ако лесно се лутиш“, вели 17-годишниот Итан, „другите ќе забележат и тоа ќе влијае врз нивното мислење за тебе“. Прашај се: „Дали сакам да бидам познат како некој што ја смирува ситуацијата или како темпирана бомба?“ Библијата вели: „Кој е бавен на гнев, многу е разборит, а кој е нестрплив, покажува глупавост“ (Изреки 14:29).

Пријателите на еден тинејџер се повлекуваат кога тој избувнува

Никој не сака да биде во друштво на некој со избувлив темперамент

Што можеш да правиш

Размисли за следниве стихови и изјави и постави си ги наведените прашања.

  • Изреки 29:22: „Човек што е склон кон гнев, предизвикува караница, и избувливиот човек прави многу престапи“.

    „Во раните тинејџерски години, најтешко ми беше да ја контролирам лутината. Роднините од страната на татко ми го имаат истиот проблем. Ние си велиме дека тоа ни е во гените. Многу ни е тешко да си го контролираме темпераментот!“ (Кери).

    Дали лесно се лутам? Ако сметам дека јас сум заслужен за добрите особини што ги имам, тогаш дали е разумно да ја обвинувам генетиката за оваа лоша особина?

  • Изреки 15:1: „Благиот одговор го смирува гневот, а остриот збор предизвикува лутина“.

    „Многу е важно да научиш да ги контролираш твоите чувства. Ако се трудиш да бидеш благ и да се фокусираш на позитивното, нема лесно да се лутиш“ (Дарил).

    Кога некој ќе ме изнервира, зошто е важна мојата прва реакција?

  • Изреки 26:20: „Кога снемува дрва, огнот згаснува“.

    „Кога одговарам на љубезен начин, тоа обично го смирува другиот и можеме да разговараме без чувствата да излезат од контрола“ (Џасмин).

    Како можат моите зборови и постапки да додадат масло на огнот?

  • Изреки 22:3: „Паметниот човек го гледа злото и се трга, а глупавите одат понатаму и ја трпат казната“.

    „Понекогаш само треба да си заминам и да си дадам време да размислам за она што се случи, а подоцна кога ќе се смирам, можам да го решам проблемот“ (Гери).

    Кога можеби е најдобро да си заминеш од една напната ситуација без притоа да оставиш впечаток дека го отфрлаш другиот?

  • Јаков 3:2: „Сите ние честопати грешиме“.

    „Треба да ни е жал за нашите грешки, но треба и да учиме од нив. Кога ќе паднеме, треба веднаш да станеме и да бидеме решени следниот пат да постапиме подобро“ (Кери).

Предлог: Постави си цел. Биди решен, одреден период — можеби еден месец — да не се лутиш. Води си дневник и запишувај како напредуваш.

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

Алиса

„Порано мислев дека оние што се повлекуваат без да се налутат се слаби; сега сфаќам дека тие можеби покажале понизност — една од најважните особини што може да ги имаме. Не беше лесно да научам да ја контролирам лутината, но вредеше!“ (Алиса).

Ерик

„Тоа што неколкупати длабоко ќе вдишам ми дава време да размислам пред да изреагирам на начин за кој подоцна ќе зажалам. Лутењето никогаш не е решение. Всушност, тоа само ги влошува работите“ (Ерик).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели