ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/09 стр. 17-19
  • Што да сторам против својата избувливост?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што да сторам против својата избувливост?
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Митови и факти
  • Како да се контролираш
  • Како да не избувнеш
    Разбудете се! 2015
  • Како да ја контролирам лутината?
    Младите прашуваат
  • Благоста — доказ за мудрост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Како не си го прегризав јазикот?
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 9/09 стр. 17-19

Младите прашуваат

Што да сторам против својата избувливост?

Колку често избувнуваш?

□ Никогаш

□ Секој месец

□ Секоја седмица

□ Секој ден

Кој најчесто те вади од такт?

□ Никој

□ Соучениците

□ Родителите

□ Брат ми/сестра ми

□ Други

Подолу наведи ситуација во која најлесно избувнуваш.

□ ․․․․․

АКО ги штиклира „Никогаш“ и „Никој“ и не напиша ништо на празните линии, секоја чест. Тоа значи дека ти можеш да ги контролираш своите чувства!

Но, сите не сме исти. Секој реагира различно кога ќе се најде во тешка ситуација и секој си има свои недостатоци. Библискиот писател Јаков рекол: „Сите ние честопати грешиме“ (Јаков 3:2). Можеби и ти се согласуваш со изјавата на Серена (17).a Таа вели: „Кога ќе почне да ми прекипува, честопати му го истурам гневот на следниот што ќе ме изнервира. Тоа можат да бидат моите родители, сестра ми, па дури и кучето!“

Митови и факти

Можеби ти е тешко да го контролираш својот гнев, но биди уверен дека постои решение. Да разоткриеме најпрвин неколку големи митови.

◼ Мит: „Не можам да се сменам. Сите од мојата фамилија се избувливи!“

Факт: Можеби си навистина „склон кон гнев“. Причина за тоа може да биде влијанието од твоите најблиски, средината во која живееш или нешто друго (Изреки 29:22). Но, факт е дека она што го правиш за да го зауздаш гневот зависи од тебе. Како би сакал да реагираш — да дозволиш да те контролираат емоциите или ти да ги контролираш нив? Штом други научиле да ја совладуваат својата избувливост, биди сигурен ќе можеш и ти! (Колошаните 3:8-10).

Библиска основа: „Нека се отстрани од вас сета злобна горчина и лутина и гнев и викање и навредлив говор“ (Ефешаните 4:31).

◼ Мит: „Подобро е гневот да го истурам врз некого отколку да го чувам во себе“.

Факт: И двете работи можат да се одразат штетно на твоето здравје. Точно е дека понекогаш е добро ‚отворено да ја изразиме‘ својата грижа (Јов 10:1). Но, тоа не значи дека треба да бидеш како нагазна мина, спремна да експлодира на првиот што ќе налета на неа. Ти можеш да изразиш силни чувства без да избувнеш.

Библиска основа: „А робот на Господарот не смее да се кара, туку треба да биде благ кон сите... да се совладува“ (2. Тимотеј 2:24).

◼ Мит: „Ако бидеш ‚благ кон сите‘, секој ќе те гази“.

Факт: Луѓето се свесни дека е потребна голема сила за некој да се самосовладува, што значи дека повеќе ќе те ценат ако успееш да не избувнеш.

Библиска основа: „Ако е можно, колку што зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“ (Римјаните 12:18).

Како да се контролираш

Ако си импулсивен, можеби досега си ги обвинувал другите за својата реакција. На пример, ако велиш: „Таа ме изнервира“, или: „Тој ме извади од такт“, тогаш индиректно како да тврдиш дека другите ги контролираат твоите чувства. Што ќе ти помогне да се контролираш? Еве неколку предлози.

Преземи ја одговорноста. Како прво, многу е важно да си признаеш дека ти — и само ти — ја сносиш одговорноста за тоа што си се извадил од такт. Со други зборови, престани да ја префрлаш на други вината за твојата избувливост. Наместо да велиш: „Таа ме изнервира“, признај си: ‚Самиот дозволив да се изнервирам‘. Наместо да речеш: „Тој ме извади од такт“, кажи си: ‚Самиот решив да избувнам‘. Ако ја прифатиш одговорноста за сопствените постапки, ќе ти биде полесно да ги контролираш (Галатите 6:5).

Предвиди кога би можел да избувнеш. Библијата вели: „Паметниот човек го гледа злото и се трга, а глупавите одат понатаму и ја трпат казната“ (Изреки 22:3). Значи, клучот е: да ја предвидиш ситуацијата што може да те наведе да избувнеш. Прашај се: ‚Кога постои најголема веројатност да избувнам?‘ На пример, една девојка по име Меган вели: „Работам во ноќна смена и, на крајот од работното време, се чувствувам многу уморна. Тогаш ме нервира сѐ“.

Прашање: Во кои околности постои најголема веројатност да избувнам?

․․․․․

Размисли однапред како ќе реагираш. Кога ќе се разгневиш, вдиши длабоко и зборувај потивко и побавно. Наместо да го обвиниш другиот („Како можеше да ми го земеш џемперот без прашање!“), кажи му како неговата постапка влијаела врз тебе („Навистина се разочарувам кога сакам да го носам џемперот и ќе видам дека си го ‚позајмил‘ без да ме прашаш“).

Вежба: Размисли кога последен пат ти се случило да пламнеш од гнев?

1. Што те испровоцирало?

․․․․․

2. Како си реагирал? (Што си рекол и/или си направил?)

․․․․․

3. Како ќе беше подобро да реагираш?

․․․․․

Размисли за последиците. Еве неколку библиски начела што можат да ти помогнат:

◼ Изреки 12:18: „Оној што зборува непромислено, како да прободува со меч“. Зборовите можат да ги повредат другите, а кога си гневен, многу е лесно да кажеш нешто за кое подоцна ќе се каеш.

◼ Изреки 29:11: „Безумникот го излева сиот свој гнев, а оној што е мудар, останува мирен до крајот“. Биди свесен дека, кога ќе дозволиш „да ти пукне филмот“, ти си тој што изгледа глупаво.

◼ Изреки 14:30: „Мирното срце е живот за телото“. Ако не го контролираш, гневот штетно ќе се одрази на твоето здравје! Една девојка по име Анита вели: „Склона сум кон избувливост, но бидејќи сум свесна дека во моето семејство многумина страдаат од висок крвен притисок, се трудам да ја контролирам оваа склоност“.

Ова јасно покажува колку е важно да размислиш за последиците од твоите зборови и постапки. Хедер (18) вели: „Обично се прашувам: ‚Што ќе се случи ако му го истурам гневот на ова лице? Што ќе мисли за мене? Како ќе влијае тоа врз нашите односи? Како би се чувствувала ако некој реагира така кон мене?‘“ И ти би можел да си поставиш вакви прашања пред да кажеш нешто, сеедно дали преку телефон, брза порака, СМС или мејл.

Прашање: Што може да се случи ако некој те изнервира и ти му вратиш со една гневна порака?

․․․․․

Побарај помош. „Како што железо се остри со железо, така луѓето учат еден од друг“ (Изреки 27:17, Good News Bible). Зошто не прашаш некој(-а) зрел(-а) пријател(-ка) како успева да остане смирен(-а)?

Следи го својот напредок. Води си дневник и следи го својот напредок. Секогаш кога ќе изгубиш контрола, запиши 1) што се случило, 2) како си реагирал и 3) како ќе беше подобро да реагираш. По некое време, ќе успееш толку да се промениш што твојата прва реакција ќе биде најдобрата реакција!

[Фуснота]

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

РАЗМИСЛИ

На моменти избувнувале дури и луѓе за кои не би ни помислиле дека се избувливи. Што можеш да научиш од нивниот пример?

◼ Мојсеј (4. Мојсеева 20:1-12; Псалм 106:32, 33)

◼ Павле и Варнава (Дела 15:36-40)

[Рамка/слики на страница 18]

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

„Тоа што ги изразувам своите чувства во дневник или пред мајка ми ми помага да останам смирена“ (Алексис, САД)

„Кога сум многу напната, правам една брза прошетка. Тоа ми помага да се ослободам од вишокот енергија, а воздухот ми помага да ми се разбистри главата“ (Елизабет, Ирска)

„Се трудам да не размислувам за самата ситуација, туку за тоа што би можело да се случи ако почнам да викам. Секогаш сфаќам дека тоа не би било паметно“ (Грејм, Австралија)

[Рамка на страница 18]

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА...

...понекогаш се гневи и Бог. Но, неговите емоции секогаш се оправдани и тој никогаш не губи контрола! Секогаш реагира совршено (Види 2. Мојсеева 34:6; 5. Мојсеева 32:4; Исаија 48:9).

[Слика на страница 19]

Ти одлучуваш дали ќе дозволиш да ти прекипи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели