ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w16 Декември стр. 29-31
  • Благоста — доказ за мудрост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Благоста — доказ за мудрост
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО Е МУДРО ДА ПОКАЖУВАМЕ БЛАГОСТ
  • Колку се среќни оние со блага нарав!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Благост — како може да ни користи?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Што да сторам против својата избувливост?
    Разбудете се! 2009
  • Облечете се во благост!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
w16 Декември стр. 29-31
Патронажна сестра зборува со една гневна жена

Благоста — доказ за мудрост

Антонија работи како патронажна сестра. Еднаш, кога требало да направи домашна посета, на вратата излегла една средовечна жена, која ја чувала својата постара мајка. Таа почнала да ѝ вика и да ја навредува затоа што не дошла порано. Антонија воопшто не задоцнила. Сепак, останала смирена и ѝ се извинила на жената за недоразбирањето.

ПРИ следната посета, жената повторно ѝ се развикала. Како реагирала Антонија? Таа вели: „Ми падна многу тешко. Немаше никаква причина да постапи така“. И покрај тоа, повторно ѝ се извинила на жената, и ѝ рекла дека ѝ е жал што минува низ толку тежок период.

Како ќе постапеше ти да беше на местото на Антонија? Дали ќе избувнеше? Дали ќе ти беше тешко да останеш смирен? Се разбира, воопшто не е лесно да останеш прибран во вакви ситуации. Кога сме под стрес или кога некој нѐ провоцира, голем предизвик е да покажуваме благост.

Меѓутоа, Библијата ги поттикнува христијаните да бидат благи. Всушност, Божјата Реч ја поврзува благоста со мудроста. Јаков напишал: „Кој е меѓу вас мудар и разборит? Со примерниот живот нека ги покаже своите дела со благост која ѝ е својствена на мудроста“ (Јак. 3:13). Зошто може да се каже дека благоста е доказ за небесна мудрост? Што ќе ни помогне да ја развиваме оваа христијанска особина?

ЗОШТО Е МУДРО ДА ПОКАЖУВАМЕ БЛАГОСТ

Благоста може да ја намали напнатоста. „Благиот одговор го смирува гневот, а остриот збор предизвикува лутина“ (Изр. 15:1).

Ако реагираме гневно, тоа може уште повеќе да ја влоши непријатната ситуација бидејќи така само ќе додадеме дрва на огнот (Изр. 26:21). Спротивно на тоа, благиот одговор најчесто ја смирува напнатоста. Може дури и да го омекне оној што е спремен да се кара.

Антонија се уверила во ова. Нејзиниот благ одговор толку ја трогнал жената што таа се расплакала, а потоа објаснила дека ја притискаат многу лични и семејни проблеми. Антонија дала убаво сведоштво, и жената се согласила да ја проучува Библијата. Сето ова било резултат на тоа што постапила смирено и благо.

Ако покажуваме благост, ќе бидеме среќни. „Среќни се оние што имаат благ нарав, зашто ќе ја наследат земјата“ (Мат. 5:5, фус.).

Зошто оние кои покажуваат благост се среќни? Многумина што порано биле насилни направиле промени кога, во симболична смисла, се облекле во благост. Бидејќи сега водат подобар живот и знаат дека ги очекува прекрасна иднина, тие се вистински среќни (Кол. 3:12). Адолфо, кој служи како покраински надгледник во Шпанија, раскажува каков бил пред да ја прифати вистината.

„Немав никаква смисла во животот“, вели тој. „Бидејќи често избувнував, дури и некои мои пријатели се плашеа кога реагирав гневно и насилно. Но, животот ми се смени од корен кога во една тепачка завршив со шест убоди од нож, и речиси искрварив до смрт.“

Сега Адолфо — и со своите зборови и со своите постапки — ги поучува другите да бидат благи. На мнозина им е драг затоа што е срдечен и пријатен човек. Тој вели дека е среќен што успеал да направи промени. Благодарен му е на Јехова што му помага да покажува благост.

Оној што е благ го радува Јехова. „Биди мудар, сине мој, и израдувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној што ми се подбива“ (Изр. 27:11).

Ѓаволот, кој му е најголем непријател на Јехова, постојано се подбива со него и намерно го навредува. Поради тоа, Бог има многу причини да се гневи. Сепак, Библијата вели дека Јехова е „бавен на гнев“ (2. Мој. 34:6). Кога се трудиме да бидеме благи и бавни на гнев како Јехова, постапуваме мудро и многу го радуваме (Еф. 5:1).

Ние живееме во еден немилосрден свет. Поради тоа, може да наидеме на луѓе кои се „вообразени, надуени, хулители... клеветници, без самосовладување, сурови“ (2. Тим. 3:2, 3). Но, тоа не треба да нѐ спречи да покажуваме благост. Во Божјата Реч пишува дека мудроста одозгора е мирољубива и разумна (Јак. 3:17). Ако сме мирољубиви и разумни, ќе покажеме дека сме стекнале Божја мудрост. Таа ќе ни помогне да останеме смирени и благи кога некој ќе нѐ стави под притисок, и ќе ни помогне уште повеќе да се зближиме со Јехова, кој е извор на бескрајна мудрост.

Што ќе ти помогне да покажуваш благост?

Ако некој постапува лошо или неправедно со тебе, што може да ти помогне да останеш смирен и да го израдуваш Јехова со својата реакција? Да разгледаме неколку важни начела.

  1. 1. СПРОТИВСТАВИ МУ СЕ НА „ДУХОТ НА СВЕТОТ“ (1. Кор. 2:12). Многу луѓе мислат дека благоста е знак на слабост. Тие сметаат дека една силна личност мора да биде нападна и агресивна. Таквото гледиште го одразува духот на светот, а не Божјата мудрост. Всушност, Библијата јасно покажува дека благоста е знак на голема сила. Во Изреки 25:15 пишува: „Со стрпливост можеш да наговориш и заповедник, и благиот јазик коски крши“.

    Прашања за размислување:

    Дали за мене благоста е знак на слабост или на сила?

    Дали се трудам да не ги покажувам „делата на телото“, како што се изливи на гнев и караници? (Гал. 5:19, 20).

  2. 2. МИСЛИ ПРЕД ДА КАЖЕШ НЕШТО. „Срцето на праведникот промислува што ќе одговори, а од устата на злите луѓе извира зло“ (Изр. 15:28). Ако зборуваме кога сме гневни, може да кажеме нешто за кое подоцна ќе зажалиме. Но, ако се воздржиме, ќе можеме да си ги средиме мислите, да одговориме благо и да го смириме другиот.

    Прашања за размислување:

    Ако избувнам, како тоа ќе влијае врз мене?

    Можам ли да преминам преку некоја неправда за да го зачувам мирот? (Изр. 19:11).

  3. 3. МОЛИ СЕ ЧЕСТО. Моли се за свет дух, најмоќната сила во вселената (Лука 11:13). Не заборавај дека благоста и самосовладувањето се плодови на Божјиот свет дух. Адолфо вели: „Многу ми помогна тоа што постојано го молев Јехова, особено во напнати ситуации“. Ако истрајно и сесрдно го молиме Јехова за свет дух, тој сигурно ќе ги услиши и нашите молитви (Рим. 12:12).

    Прашања за размислување:

    Дали редовно го молам Јехова да ги испита моите мотиви и моето срце?

    Дали го молам да ми дава свет дух и мудрост за да постапувам на начин со кој ќе го радувам? (Пс. 139:23, 24; Јак. 1:5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели