ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 109
  • Кога ќе дојде крајот на светот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога ќе дојде крајот на светот?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Треба ли да се плашиш од крајот на светот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Одговор на четири прашања за крајот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Што е крајот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Ќе преживее ли овој свет?
    Ќе преживее ли овој свет?
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 109
Ѕиден часовник покажува речиси дванаесет часот

Кога ќе дојде крајот на светот?

Што вели Библијата:

За да дознаеме кога ќе дојде крајот на светот, најпрво мора да видиме што точно значи зборот „свет“ кога е употребен во Библијата. Грчкиот збор космос, кој во Библијата обично е преведен со „свет“, најчесто се однесува на човештвото, особено на луѓето што не постапуваат според Божјата волја (Јован 15:18, 19; 2. Петрово 2:5). Понекогаш, зборот космос може да се однесува и на човечкото општествено уредување (1. Коринќаните 7:31; 1. Јованово 2:15, 16).a

Што е „крајот на светот“?

Изразот „крајот на светот“, кој го има во многу библиски преводи, може да биде преведен и со „свршетокот на овој поредок“ или „свршетокот на векот“ (Матеј 24:3, Превод на д-р Д. Х. Константинов). Овој израз не се однесува на уништување на Земјата ниту, пак, на сите луѓе, туку на крајот на човечкото општествено уредување (1. Јованово 2:17).

Библијата вели дека „оние што прават зло, ќе бидат истребени“, за да можат добрите луѓе да живеат во мир на Земјата (Псалм 37:9-11). Тоа уништување ќе се случи во една „голема неволја“, која ќе кулминира со војната Армагедон (Матеј 24:21, 22; Откровение 16:14, 16).

Кога ќе дојде крајот на светот?

Исус рекол: „За тој ден и час никој не знае, ни ангелите на небото ни Синот, туку само Таткото“ (Матеј 24:36, 42). Потоа додал дека крајот ќе дојде неочекувано, во час кога не се надеваме (Матеј 24:44).

Иако не го знаеме точниот ден и час, Исус опишал повеќе настани што заедно ќе служат како знак дека крајот на светот е близу (Матеј 24:3, 7-14). Овој период Библијата го нарекува „времето на крајот“, „последното време“ и „последните денови“ (Даниел 12:4, Превод на МПЦ; 2. Тимотеј 3:1-5).

Дали со крајот на светот ќе биде уништено сѐ?

Не. Земјата ќе продолжи да постои, бидејќи Библијата вели дека таа „нема да се разниша довека, за сета вечност“ (Псалм 104:5). Освен тоа, по целата Земја ќе живеат луѓе. Библијата ветува: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29). Бог ќе се погрижи на Земјата да ги има истите услови за живеење како што имал намера во почетокот:

  • рај (Исаија 35:1; Лука 23:43).

  • безбедност и благосостојба (Михеј 4:4).

  • работа во која секој ќе ужива (Исаија 65:21-23).

  • живот без болести и старост (Јов 33:25; Исаија 33:24).

Луѓе на плажа во рајот

a Во некои Библии, грчкиот збор аион исто така е преведен со „свет“. Во тој случај го има истото значење како зборот космос кога се однесува на општественото уредување.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели