ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 114
  • Постојат ли „седум смртни гревови“?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Постојат ли „седум смртни гревови“?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Што е грев?
    Одговор на библиски прашања
  • Бог кој е ‚спремен да прости‘
    Приближи му се на Јехова
  • Дали Бог бара да ги исповедаме гревовите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Исчезнала ли свесноста за гревот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 114
Потиштен човек

Постојат ли „седум смртни гревови“?

Што вели Библијата:

Библијата не спомнува група од „седум смртни гревови“. Сепак, таа јасно кажува дека, ако некој прави сериозни гревови, нема да биде спасен. На пример, како сериозни гревови Библијата ги наведува сексуалниот неморал, идолопоклонството, спиритизмот, изливите на гнев и пијанството за кои вели дека спаѓаат во „делата на телото“. А потоа додава: „Оние што прават такво нешто нема да го наследат Божјето царство“ (Галатите 5:19-21).a

Тогаш, зошто Библијата набројува „седум работи кои на ГОСПОД Му се одвратни“?

Според преводот Радосна Вест, во Изреки 6:16 стои: „Има шест, односно седум работи кои на ГОСПОД Му се одвратни“. Сепак, во стиховите од Изреки 6:17-19 не се наведени сите гревови. Наместо тоа, тие ги содржат основните категории со кои се опфатени сите видови на грев — во мислите, во зборовите и во постапките.b

Што означува изразот смртен, или „смртоносен грев“?

Во стихот од 1. Јованово 5:16, некои преводи го користат овој израз. На пример, во преводот Радосна Вест пишува: „Постои и смртоносен грев“. Изразот преведен како „смртоносен грев“ може да се преведе и како „грев кој води во смрт“. Која е разликата меѓу „грев кој води во смрт“ и „грев кој не води во смрт“? (1. Јованово 5:16).

Библијата јасно кажува дека секој грев на крајот резултира со смрт. Сепак, можеме да бидеме спасени од гревот и смртта благодарение на откупната жртва на Исус Христос (Римјаните 5:12; 6:23). Според тоа, „грев кој води во смрт“ е секој грев што не е покриен со откупната жртва на Христос. Оној што прави ваков грев е толку цврсто решен да оди по погрешен пат што никогаш нема да ги смени своите ставови или постапки. За секој што прави таков грев, Библијата вели дека „нема да му биде простено“ (Матеј 12:31; Лука 12:10).

Кој ја составил листата од седум смртни гревови?

Листата од „седум смртни гревови“ најпрво се засновала на листа од осум основни карактерни слабости. Оваа листа ја составил монахот Евагриј Понтијски во четвртиот век од н.е., а неговото дело било инспирација за литературните дела на монахот и испосник Јован Касијан. Во шестиот век, листата на Касијан со осум карактерни слабости Папата Григориј I ја заменил со листа на седум смртни, или тешки гревови во римокатоличкото учење: гордост, алчност, сладострастие, завист, лакомост, гнев и мрзливост. Григориј ги сметал овие гревови за основни, односно оние кои водат до многу други гревови.

a Стиховите од Галатите 5:19-21, во кои се наведени 15 сериозни гревови, не претставуваат список на сите можни сериозни гревови, бидејќи завршуваат со зборовите „и други слични работи“. На тој начин, читателот е поттикнат самиот да размисли кои се тие „други слични работи“.

b Стихот од Изреки 6:16 содржи една хебрејска стилска фигура во која вториот број е нагласен преку контраст со првиот број. Овој начин на изразување често се користи во Библијата (Јов 5:19; Изреки 30:15, 18, 21).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели