ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 60
  • Што треба да знам за алкохолот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што треба да знам за алкохолот?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Размисли за последиците
  • Донеси одлука
  • Како треба христијаните да гледаат на алкохолот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Нека те води Божјето гледиште за алкохолот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Исправен став кон алкохолот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Да се скинат прангите на прекумерното пиење
    Разбудете се! 2005
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 60
На еден млад човек му нудат алкохол додека се на излет

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што треба да знам за алкохолот?

Библијата не го осудува умереното пиење алкохол кога законот го дозволува тоа. Сепак, го осудува опивањето (Псалм 104:15; 1. Коринќаните 6:10).

Но, што ако си под притисок да пиеш а законот или родителите не ти го дозволуваат тоа?

  • Размисли за последиците

  • Донеси одлука

  • Што велат други млади

Размисли за последиците

Некои млади можеби велат дека мора да пиеш за да си поминеш убаво. Но, што би можело да се случи потоа?

  • Човек во затвор

    Прекршување на законот. Во зависност од тоа каде живееш, ако пиеш алкохол а не смееш според законот, може да бидеш парично казнет, да бидеш обвинет за кривично дело, да ти биде одземена возачката дозвола, да бидеш казнет со вршење општествено корисна работа, па дури и да завршиш во притвор (Римјаните 13:3).

  • Мобилен телефон

    Нарушена репутација. Алкохолот ја намалува способноста да се контролираш. Под дејство на алкохол лесно може да кажеш или да направиш нешто за кое подоцна ќе зажалиш (Изреки 23:31-33). Бидејќи живееме во време кога многу луѓе користат социјални мрежи, твоето однесување може да остави траен белег врз твојата репутација.

  • Една девојка е жртва на вознемирување

    Послаба самоодбрана. Ако си под дејство на алкохол, лесно може да станеш жртва на физички или сексуален напад. Исто така, полесно можеш да паднеш под влијание на другите, што може да води до дополнително ризично или нелегално однесување.

  • Празно шише алкохол

    Зависност. Според некои истражувања, колку порано некој почне да пие толку е поголема веројатноста да стане зависник. Ако пиеш за полесно да се носиш со стресот, осаменоста или досадата, почнуваш да се вртиш во круг од кој ќе ти биде сѐ потешко да излезеш.

  • Череп и коски

    Смрт. Неодамна во САД, во текот на една година, возењето под дејство на алкохол било причина за по еден смртен случај на секои 52 минути. А во текот на еден пет-годишен период, во сообраќајни несреќи предизвикани од алкохол годишно умирале повеќе од 1.500 лица помлади од 21 година. Дури и да не си пиел алкохол ти, ако прифатиш да те вози некој што претходно пиел се изложуваш на голем ризик.

Донеси одлука

Можеш да ги избегнеш опасностите и тешките последици од несоодветното пиење алкохол ако однапред одлучиш што ќе правиш.

Библиско начело: „Паметниот човек го гледа злото и се трга“ (Изреки 22:3). Воопшто не е мудро да пиеш пред да возиш или пред да правиш што и да е друго за кое е потребна целосна концентрација.

Одлука: „Нема да пијам алкохол пред да бидам доволно возрасен според законот ниту, пак, во ситуации кога не е соодветно“.

Библиско начело: „Робови сте му на оној кого го слушате“ (Римјаните 6:16). Ако пиеш само затоа што пијат и останатите млади, дозволуваш други да те контролираат. А ако пиеш за да не ти биде досадно или за да се справиш со стресот, нема да научиш како да ги решаваш проблемите.

Одлука: „Нема да дозволам другите млади да ме натераат да пијам“.

Библиско начело: „Не биди меѓу оние што се опиваат“ (Изреки 23:20). Лошиот избор на пријатели може многу да ти отежне да се држиш за твојата одлука. Кога си заедно со некои што злоупотребуваат алкохол, се изложуваш на опасност.

Одлука: „Нема да се дружам со некој што злоупотребува алкохол“.

Што велат други млади

Џордан

„Кога одев на училиште, другите цело време сакаа да ме натераат да пијам. Секогаш одново морав да се потсетувам на стихот од 1. Коринќаните 15:33: ,Лошото друштво ги расипува добрите навики‘“ (Џордан).

Џена

„Избегнувам луѓе и ситуации што знам дека ќе ме стават под притисок. Драго ми е што имам пријатели со исправен став кон алкохолот“ (Џена).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели