ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwhf статија 1
  • Како да го држиш гневот под контрола

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да го држиш гневот под контрола
  • Совети за семејствата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што треба да знаеш
  • Што можеш да направиш
  • Дали секогаш е погрешно да се гневиш?
    Разбудете се! 1994
  • Проблемот со гневот
    Разбудете се! 2012
  • Гневот под контрола!
    Разбудете се! 2012
  • Брачни несогласувања — како да се решаваат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Совети за семејствата
ijwhf статија 1
Една жена се лути затоа што маж ѝ гледа телевизија додека таа ги мие садовите

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Како да го држиш гневот под контрола

Твојот сопружник можеби кажал или направил нешто со кое те налутил, а ти се обидуваш да скриеш дека си лут. Но, тој сфаќа дека нешто не е во ред и почнува да те потпрашува. Тоа уште повеќе те вади од такт. Што ќе ти помогне да си го контролираш гневот во таква напната ситуација?

  • Што треба да знаеш

  • Што можеш да направиш

Што треба да знаеш

  • Ако лесно избувнуваш, тоа може да му наштети на твоето здравје. Истражувањата покажуваат дека неконтролираниот гнев го зголемува ризикот од висок крвен притисок, срцеви заболувања, депресија и проблеми со варењето. Исто така, гневот може да води до несоница, зголемена вознемиреност, кожни проблеми и мозочен удар. Библијата со право вели: „Отфрли го гневот... [тој] само води до зло“ (Псалм 37:8).

  • Не е добро ни да ја потиснуваш лутината. Ако собираш лутина во себе, тоа може да те јаде однатре како некоја болест. На пример, можеш да станеш циничен и да стекнеш навика да критикуваш. Со таква личност не е лесно да се живее. Тој став може сериозно да му наштети на бракот.

Што можеш да направиш

  • Размислувај за убавите особини на својот сопружник. Наведи три работи кои ги цениш кај него. Кога следен пат ќе се налутиш поради нешто што тој ќе го направи, сети се на тие особини. Ова може да ти помогне да си го контролираш гневот.

    Библиско начело: „Бидете благодарни!“ (Колошаните 3:15).

    Една жена се присетува како маж ѝ и помагал низ дома, како ја слушал и како се грижел за неа кога била болна
  • Научи да простуваш. Обиди се да гледаш на работите од аголот на твојот сопружник. Ова ќе ти помогне да развиеш сочувство (1. Петрово 3:8). А потоа прашај се: „Зарем навистина имам толку голема причина да не простам?“

    Библиско начело: „Чест... е да [се] премине преку престапот“ (Изреки 19:11).

  • Објасни како се чувствуваш на љубезен и тактичен начин. Зборувај за твоите чувства. На пример, наместо да речеш: „Многу е безобѕирно од твоја страна што не се јави да ми кажеш каде си“, би можел да речеш: „Се секирам бидејќи е доцна, а не знам дали си добро“. Тоа што ќе зборуваш на благ начин ќе ти помогне да си го контролираш гневот.

    Библиско начело: „Вашиот збор секогаш нека биде пријатен, зачинет со сол“ (Колошаните 4:6).

  • Слушај внимателно. Откако ќе кажеш како се чувствуваш, дозволи му на твојот сопружник да си ја каже својата страна без да го прекинуваш. Кога ќе заврши, повтори го со свои зборови она што го кажал за да се увериш дека добро си го разбрал. Тоа што внимателно ќе слушаш ќе ти помогне да останеш смирен.

    Библиско начело: „Треба да [бидеш] брз на слушање, а бавен на зборување“ (Јаков 1:19).

Тим и Џенифер

„Ако држиш лутина во себе, проблемот нема да се реши, и на крајот сигурно ќе експлодираш. Затоа, најдобро е смирено да се разговара за проблемот. Откако ќе поразговараме, јас и маж ми ќе си речеме: ’Ајде пак да бидеме пријатели‘“ (Џенифер и нејзиниот сопруг, Тим).

Џејд и Кори

„Многу ми значи тоа што маж ми секогаш е спремен да ме сослуша и не го потценува она што ме загрижува. Се труди да ме разбере дури и кога не се согласува за некоја работа со мене. Никогаш не ги омаловажува моите чувства“ (Џејд и нејзиниот сопруг, Кори).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели