ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 90
  • Како да ги победам негативните мисли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ги победам негативните мисли?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како би се опишал себеси?
  • Зошто е важно да ги победиш негативните мисли?
  • Што можеш да направиш
  • Прочитај нешто повеќе
  • Негативни емоции — како може да се совладаат?
    Разбудете се! 1993
  • Ставот менува многу!
    Разбудете се! 2016
  • Што ако не се вклопувам во ниедно друштво?
    Младите прашуваат
  • Што ако моите родители не ми дозволуваат да користам социјални мрежи?
    Младите прашуваат
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 90
Една жена има негативни мисли додека врне дожд од темни облаци врз неа

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да ги победам негативните мисли?

  • Како би се опишал себеси?

  • Зошто е важно да ги победиш негативните мисли?

  • Што можеш да направиш

  • Прочитај нешто повеќе

  • Што велат некои млади

Како би се опишал себеси?

  • Оптимист

    „Се трудам да бидам колку што е можно повесела и поопуштена. Зошто да не бидам насмеана секој ден?“ (Валери).

  • Песимист

    „Кога ќе чујам нешто позитивно одма си помислувам дека мора да е некоја грешка — ми звучи премногу добро за да биде вистинито“ (Ребека).

  • Реалист

    „Ако сум оптимист, ќе бидам разочарана кога работите нема да испаднат како што треба, а ако сум песимист секогаш ќе бидам несреќна и тажна. Тоа што сум реалист ми помага да ги гледам работите такви какви што се“ (Ана).

Зошто е важно да ги победиш негативните мисли?

Во Библијата пишува: „Кој има весело срце, на гозба е без престан“ (Изреки 15:15). Се разбира, луѓето кои не гледаат на сѐ негативно и кои се трудат да ги видат позитивните работи во животот обично се посреќни. Тие најчесто имаат и повеќе пријатели. На крајот на краиштата, кој би сакал да се дружи со некој кој цело време е негативен и нерасположен?

Сепак, дури и најголемите оптимисти се соочуваат со тешки ситуации во животот. На пример:

  • Секој ден на вестите слушаш за војни, тероризам или криминал.

  • Можеби имаш проблеми во семејството.

  • Сигурно се бориш со некои свои слабости.

  • Можеби некој пријател те повредил со своите зборови или постапки.

Наместо да ги затвориш очите пред ваквите проблеми или, пак, да се преокупираш со нив, труди се да бидеш реален. Ако гледаш реално на работите, тоа ќе ти помогне да останеш позитивен, полесно да го прифатиш она што ти се случува во животот и да не дозволиш проблемите да те скршат.

Една жена размислува позитивно и дождот престанува

Не заборавај дека после дождот секогаш доаѓа сонце — така и проблемите во животот доаѓаат и си одат

Што можеш да направиш

  • Гледај урамнотежено на своите грешки.

    Библијата вели: „Нема праведен човек на земјата, кој прави само добро и никогаш не греши“ (Проповедник 7:20). Тоа што имаш слабости и правиш грешки не значи дека си изгубен случај, туку дека си само човек.

    Како можеш да бидеш реален: Труди се да станеш подобра личност, но не очекувај совршенство од себе. Кејлеб, кој има 23 години, вели: „Се обидувам да не размислувам премногу за моите грешки. Наместо тоа, се трудам да научам нешто од нив и да видам како можам да се подобрам“.

  • Немој да се споредуваш со другите.

    Во Библијата пишува: „Да не бидеме суетни, да не се натпреваруваме еден со друг, да не си завидуваме еден на друг“ (Галатите 5:26). Ако гледаш на социјалните мрежи слики од настани на кои не си бил поканет, би можел да се разочараш и твоите најголеми пријатели би можеле да ти изгледаат како најголеми непријатели.

    Како можеш да бидеш реален: Прифати го фактот дека нема да бидеш поканет на секое дружење. Освен тоа, сликите што некој ги става на социјалните мрежи прикажуваат само дел од неговиот живот. Една тинејџерка по име Алексис вели: „На социјалните мрежи, луѓето обично ги истакнуваат најинтересните моменти од нивниот живот. Тие најчесто го испуштаат она што не е толку интересно“.

  • Труди се да градиш мир — особено во семејството.

    Библијата вели: „Ако е можно, колку што зависи од вас, бидете во мир“ (Римјаните 12:18). Честопати немаш контрола врз тоа што прават другите, но можеш да го контролираш начинот на кој ти реагираш. Ако сакаш, можеш да реагираш мирољубиво.

    Како можеш да бидеш реален: Кога има некој проблем во семејството, немој да додаваш масло на огнот, туку труди се да бидеш мирољубив исто како што би бил со твоите пријатели. Една тинејџерка по име Мелинда вели: „Никој не е совршен и затоа, порано или подоцна, сите ние ќе повредиме некого. Од нас зависи како ќе реагираме — дали ќе бидеме мирољубиви или не“.

  • Научи да бидеш благодарен.

    Во Библијата пишува: „Бидете благодарни!“ (Колошаните 3:15). Ако си благодарен, ќе се концентрираш на добрите работи во твојот живот а не на работите кои не ти се допаѓаат.

    Како можеш да бидеш реален: Биди свесен за проблемите, но труди се да ги гледаш и добрите работи во твојот живот. Една девојка по име Ребека вели: „Секој ден си запишувам по една позитивна работа во мојот дневник. Сакам да се потсетувам дека, иако имам проблеми, секогаш има нешто позитивно за кое можам да размислувам“.

  • Размисли какви пријатели имаш.

    Библијата вели: „Лошото друштво ги расипува добрите навики“ (1. Коринќаните 15:33). Ако оние со кои се дружиш имаат навика да се жалат за сѐ и сешто, ако се зајадливи или огорчени, нивните негативни ставови ќе влијаат и врз тебе.

    Како можеш да бидеш реален: Ако твоите пријатели минуваат низ тежок период, можеби некое време ќе бидат тажни и негативни. Стори сѐ што можеш за да им помогнеш, но не дозволувај нивните проблеми да станат твои. Една девојка по име Мишел вели: „Внимавај да не го поминуваш времето само со луѓе кои се негативни. Во математиката, кога ќе собереш два негативни броја, добиваш уште поголем негативен број“.

Прочитај нешто повеќе

Живееме во периодот кој Библијата го опишува како „особено тешки времиња“ (2. Тимотеј 3:1). Дали ти е тешко да имаш позитивен став кога гледаш колку многу проблеми има во светот? Сигурно ќе ти биде интересно да прочиташ „Ќе му дојде ли крај на страдањето?“

Што велат некои млади

Ема

„Понекогаш, кога ќе се фатам дека размислувам негативно за нешто, си правам список со позитивните и негативните работи во врска со таа ситуација. Тоа ми помага да гледам од друг агол на она што се случува. Честопати има нешто позитивно дури и во ситуација која ни се чини негативна“ (Ема).

Џеси

„Кога сум негативен, се трудам да размислувам како можам да му помогнам некому или дали можам да направам нешто добро за другите. Исус рекол дека давањето усреќува. И навистина, давањето ми помага да ги победам негативните мисли што понекогаш ми се појавуваат“ (Џеси).

Како да ги победам негативните мисли?

Гледај урамнотежено на своите грешки. Труди се да станеш подобра личност, но не очекувај совршенство од себе.

Немој да се споредуваш со другите. Ако не си поканет на некое дружење, немој да мислиш дека другите имаат нешто против тебе.

Труди се да градиш мир — особено во семејството. Кога има некој проблем во семејството, немој да додаваш масло на огнот, туку труди се да бидеш мирољубив.

Научи да бидеш благодарен. Биди свесен за проблемите, но гледај ги и добрите работи во твојот живот.

Размисли какви пријатели имаш. Најди си пријатели кои не дозволуваат проблемите во животот да ги обесхрабрат и да ги скршат.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели