ПЕСНА 113
Мирот — Божји дар
Печатено издание
1. Богот наш ни ветува
мир на Земјата.
Место војни, спокојство,
слога, единство.
Исус, Кнез на мирот е,
грижлив, љубезен.
Победа на правдата
тој ќе донесе.
2. Гневот и омразата
ги отфрливме.
Копјата во српови
ги прековавме.
Ваков мир во себеси
да зачуваме.
Како Исус секогаш
да простуваме.
3. Мирот и единството
меѓу сите нас
доказ се за луѓето
кој е Богот наш.
Затоа внимателно
да ги чуваме,
дури Бог не донесе
мир насекаде.
(Види и Пс. 46:9; Иса. 2:4; Јак. 3:17, 18.)