ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/13 стр. 4-5
  • Како да зборувате за секстинг

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да зборувате за секстинг
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • Што треба да знам за секстингот?
    Младите прашуваат
  • Помогни му на твојот тинејџер да биде послушен
    Разбудете се! 2013
  • Што вели Библијата за порнографијата и дали забранува сајбер-секс?
    Одговор на библиски прашања
  • Како да му поставиш правила на тинејџер
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 11/13 стр. 4-5

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Како да зборувате за секстинг

ПРЕДИЗВИК

Си чул дека секстингот е вообичаена појава меѓу младите. Можеби се прашуваш: ‚Дали мојот тинејџер би го правел тоа‘?

Сакаш да зборуваш за ова со твоето дете, ама како? Пред да одговориме на ова прашање, да видиме како некои млади почнале со секстинг и зошто треба да те интересира оваа тема.a

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ТОА

  • Некои тинејџери праќаат пораки со сексуална содржина за да флертуваат со некој што им се допаѓа.

  • Понекогаш некоја девојка може да испрати слика на која е разголена бидејќи на тоа ја тера некое момче.

  • Едно момче може да испрати слика од разголена девојка до многу луѓе или за да ги забавува своите другари или за да ѝ се одмазди на девојката затоа што му раскинала.

Која и да е причината, тинејџер со мобилен телефон в рака може да си навлече големи проблеми. „Доволно е само едно кликнување и животот да ти се смени засекогаш“, пишува во книгата CyberSafe.

Многу луѓе не сфаќаат дека, штом некој ќе стави фотографија на Интернет, повеќе нема контрола над неа. Според еден извештај на Федералното истражно биро на САД (ФБИ), една 18-годишна девојка „извршила самоубиство откако фотографија на која била гола и која таа му ја испратила од мобилен на својот дечко била препратена уште на стотици тинејџери во нејзиното училиште. Се вели дека другите ученици, кои продолжиле да ја препраќаат сликата, ја задевале и ја малтретирале девојката“.

Секстингот повлекува и правни прашања. На пример, во некои места, против малолетниците што им испраќале сексуално експлицитни слики на други малолетници била поднесена тужба за детска порнографија и биле регистрирани како сексуални напасници. Како родител и ти може да сносиш одговорност ако договорот за мобилниот телефон е на твое име или ако не преземеш мерки да го заштитиш твоето дете од секстинг.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Постави јасни правила. Иако не можеш да имаш целосна контрола над тоа што прави твоето дете со мобилниот, можеш да се погрижиш да ги знае правилата — како и последиците ако ги прекрши. Имај на ум и дека, како родител, ти имаш право да го проверуваш мобилниот телефон на твојот тинејџер. (Библиско начело: Ефешаните 6:1.)

Помогни му на твојот тинејџер да размислува за последиците. Би можел да речеш: „Има многу мислења за тоа што сѐ спаѓа во секстинг. Како ти би го дефинирал овој израз?“ „Што мислиш, какви слики се недолични?“ „Во некои места е кривично дело малолетник да испраќа разголени слики од друг малолетник. Дали и ти мислиш дека тоа е толку сериозна работа?“ „Зошто може да се каже дека секстингот е погрешен во морален поглед?“ Внимателно слушај што ќе ти каже и помогни му да размислува за последиците. (Библиско начело: Евреите 5:14.)

Размислувај за последиците

Разгледајте замислена ситуација. На ќерка ти би можел да ѝ речеш: „Да речеме дека некој дечко тера една девојка да му прати непристојни пораки. Што треба да направи девојката? Да попушти само за да не си го расипе пријателството со него? Да одбие, но сепак да флертува со него? Да го раскине пријателството? Да каже на некој возрасен?“ Помогни ѝ на ќерка ти добро да размисли за оваа работа. Се разбира, на сличен начин можеш да разговараш и со син ти. (Библиско начело: Галатите 6:7.)

Разбуди го кај твојот тинејџер чувството за исправно. Поставувај му прашања како што се: Колку ти е важно да имаш добра репутација? По кои особини би сакал другите да те знаат? Какво мислење би имал за себе ако понижиш некого со тоа што ќе испратиш непристојна слика? Какво мислење би имал за себе ако цврсто се држиш за она што е исправно? Помогни му на твојот тинејџер ‚да зачува чиста совест‘ (1. Петрово 3:16).

Дај му добар пример. Библијата вели дека Божјата мудрост е чиста и нелицемерна (Јаков 3:17). Дали ова се гледа во твоите морални вредности? „Ние самите треба да дадеме добар пример и да не гледаме слики и интернет-страници кои прикажуваат непристојни или незаконски работи“, пишува во книгата CyberSafe.

a „Секстинг“ значи испраќање слики, текстови или клипови со еротска содржина по мобилен телефон. За да дознаеш нешто повеќе, посети ја нашата интернет-страница jw.org/mk и прочитај ја онлајн статијата „Младите прашуваат — што треба да знам за секстингот?“ (Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ТИНЕЈЏЕРИ)

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Деца, слушајте ги своите родители“ (Ефешаните 6:1)

  • „Оние чија моќ на согледување преку искуство им е извежбана да разликува добро и зло [се зрели]“ (Евреите 5:14)

  • „Човек што ќе си посее, тоа и ќе си пожнее“ (Галатите 6:7)

ПРЕДЛОГ

Ако тебе или на твојот тинејџер ви е непријатно да зборувате за секстинг, би можел да пробаш со следново:

  • Прво, замоли го твојот тинејџер да ти каже што прават другите. Потоа кажи: „Сум чул многу за секстингот. Дали ова е вообичаено меѓу младите?“

  • Следно, дознај што мисли тој за она што го прават другите. Би можел да го прашаш: „Што мислиш, свесни ли се луѓето за последиците од секстингот?“

  • Потоа зборувајте што би можел да направи твојот тинејџер. Би можел да речеш: „Ајде да позборуваме за тоа што би требало да направиш ако добиеш порака со непристојна содржина“.

Предлог: Би можел да започнеш разговор на темел на некоја неодамнешна вест. На пример: „Прочитав за една девојка чии разголени слики биле препратени до сите во нејзиното училиште. Навистина ли се случуваат такви работи?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели