ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 94
  • Потреба од молитва и понизност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Потреба од молитва и понизност
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Колку биле важни молитвата и понизноста
    Исус — патот, вистината и животот
  • Јехова ќе ‚се погрижи да добиеме правда‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • „Чувајте се од фарисејскиот квасец“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Треба ли да се фалиме за нешто?
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 94

Поглавје 94

Потреба од молитва и понизност

ПРЕТХОДНО, кога беше во Јудеја, Исус раскажа една илустрација во врска со тоа колку е важно да се биде истраен во молитвата. Сега, на неговото последно патување во Ерусалим, тој повторно ја подвлекува потребата да не се попушти во молитвата. Исус веројатно сѐ уште се наоѓа во Самарија или Галилеја кога на своите ученици им ја кажува следнава илустрација:

„Во еден град имаше еден судија кој немаше страв од Бог ниту почит спрема човек. А во тој град имаше и една вдовица која постојано доаѓаше кај него, велејќи: ‚Погрижи се да добијам правда од мојот противник на судот‘. А тој некое време не сакаше, но потоа си рече во себе: ‚Иако немам страв од Бог ниту имам почит спрема човек, сепак, поради тоа што оваа вдовица постојано ми досадува, ќе се погрижам да добие правда, за да не ми доаѓа веќе и сосема да ме дотолчи‘“.

Потоа Исус ја дава примената на својата приказна, велејќи: „Чујте што рече судијата, иако неправеден! Тогаш, зарем Бог нема да предизвика да им се изврши правда на своите избрани кои викаат кон него дење и ноќе, иако е долготрпелив спрема нив?“

Исус со тоа не мисли дека Јехова Бог на некој начин е сличен на тој неправеден судија. Напротив, ако дури и еден неправеден судија одговора на упорните преколнувања, нема сомнение дека Бог, кој е во потполност праведен и добар, ќе одговори ако неговиот народ не попушти во молитвата. Затоа Исус продолжува: „Ви велам, [Бог] ќе предизвика правдата да им се изврши бргу“.

Правдата честопати им се ускратува на понижените и на сиромасите, додека моќните и богатите обично се повластени. Меѓутоа, Бог не само што ќе се погрижи злите да бидат праведно казнети туку и ќе се погрижи со неговите слуги да се постапи праведно давајќи им вечен живот. Но, колку луѓе цврсто веруваат дека Бог ќе предизвика правдата да се изврши бргу?

Укажувајќи особено на верата која е поврзана со моќта на молитвата, Исус прашува: „Кога Синот човечки ќе дојде, дали навистина ќе најде вера на земјата?“ Иако на ова прашање не е одговорено, можеби со него се укажува дека таквата вера нема да биде вообичаена кога ќе дојде Христос во моќта на Царството.

Меѓу оние кои го слушаат Исус има и некои кои се прилично самоуверени во својата вера. За себе веруваат дека се праведни, и ги презираат другите. Во таа група би можеле да бидат вклучени дури и некои од Исусовите ученици. Затоа Исус на таквите им ја упатува следнава илустрација:

„Двајца луѓе влегоа во храмот да се молат, едниот фарисеј, а другиот даночник. Фарисејот стоеше и почна вака да се моли во себеси: ‚О Боже, ти благодарам што не сум како останатите луѓе, изнудувачи, неправедници, прељубници или како овој даночник. Постам двапати во седмицата, давам десеток од сѐ што стекнувам‘“.

Фарисеите се познати по нивното јавно прикажување на праведност за да ги импресионираат другите. Вообичаени денови за нивните самонаметнати постови се понеделник и четврток, и тие совесно го плаќаат десетокот дури и од малите билки од полето. Нивниот презир спрема обичните луѓе јасно се покажал неколку месеци пред тоа, за време на празникот Сеници, кога рекле: „Ова мноштво кое не го познава Законот [т.е. фарисејското толкување кое му било дадено] е проклет народ“.

Продолжувајќи со својата илустрација, Исус зборува за една таква ‚проклета‘ личност: „А даночникот, стоејќи на растојание, не сакаше ниту очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради, говорејќи: ‚О Боже, биди милостив кон мене грешникот‘“. Бидејќи даночникот понизно ги признал своите недостатоци, Исус кажува: „Ви велам: Овој човек си замина удолу во својот дом покажувајќи се како поправеден од оној човек; зашто секој кој се возвишува ќе биде понижен, а кој се понизува ќе биде возвишен“.

Така Исус повторно ја подвлекува потребата да се биде понизен. Бидејќи се воспитувани во општество во кое самоправедните фарисеи се толку влијателни и каде положбата и рангот се секогаш нагласени, не изненадува тоа што дури и Исусовите ученици се погодени. Сепак колку убави поуки за понизноста дава Исус! Лука 18:1—14; Јован 7:49.

▪ Зошто неправедниот судија ја исполнува молбата на вдовицата, и каква поука дава Исусовата илустрација?

▪ Каква вера ќе бара Исус кога ќе дојде?

▪ Кому Исус му ја упатува својата илустрација за фарисејот и даночникот?

▪ Кој став на фарисеите треба да се избегнува?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели