ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • uw погл. 7 стр. 55-61
  • Што учиме од тоа што Бог го допушта злото?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што учиме од тоа што Бог го допушта злото?
  • Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Заради неговото големо име
  • ,О длабочино на Божја мудрост!‘
  • Прилика да ја покажеме нашата оддаденост
  • Што учиме од тоа што Бог го допушта злото
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Јехова е долготрпелив Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Имај ги предвид примерите на долготрпеливост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Јехова ќе ја исполни својата намера!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Повеќе
Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
uw погл. 7 стр. 55-61

Глава 7

Што учиме од тоа што Бог го допушта злото?

1. а) Ако Јехова веднаш ги уништил бунтовниците во Еден, како тоа би влијаело на нас? б) Наместо тоа, каква љубезна подготовка Јехова овозможил за нас?

БЕЗ оглед на тешкотиите кои можат да нѐ снајдат во животот, не е неправедно од Божја страна тоа што допуштил да се родиме. Тој ги обдарил првите луѓе со совршеност, а за нивни дом им дал Рај. Да ги уништил непосредно по побуната, не би постоел човечки род каков што го познаваме, оптоварен со болести, сиромаштија и криминал. Меѓутоа, полн со милост, Јехова дозволил Адам и Ева да основаат семејство пред да умрат, иако тоа наследило несовршеност. Преку Христос тој направил подготовки за Адамовите потомци, кои покажуваат вера, да го добијат она што Адам го проиграл — вечен живот под околности кои ќе овозможат најголемо задоволство во животот (5. Мој. 32:4, 5, NW; Јован 10:10).

2. Дали сето ова го сторил само за наше спасение?

2 Сето ова е од неизмерна корист за нас. Но од библискиот запис учиме дека во него е вклучено нешто многу позначајно од нашето лично спасение.

Заради неговото големо име

3. Што било доведено во прашање во врска со исполнувањето на Јеховината намера со Земјата и човештвото?

3 Јеховиното име, неговиот углед како Универзален Суверен и Бог на вистината, биле вклучени во исполнувањето на неговата намера со Земјата и човештвото. Заради Јеховината положба, мирот и благосостојбата на целиот универзум, се бара на неговото име да му се оддава потполно почитување кое го заслужува и сите да му бидат послушни нему.

4. Што точно вклучувала таа намера?

4 Откако ги создал Адам и Ева, тој им дал да исполнат една задача. Јасно им покажал дека неговата намера не била Земјата само целосно да се обработи, со што би се прошириле границите на Рајот, туку и да се насели со потомци на првиот маж и жена, Адам и Ева (1. Мој. 1:28). Дали заради нивниот грев оваа намера требало да пропадне со што би се осрамотило името на Бог?

5. а) Според 1. Мојсеева 2:17, кога би умрел оној кој би јадел од дрвото на спознанието на добро и зло? б) Како Јехова го исполнил тоа додека истовремено ја почитувал својата намера во врска со населувањето на Земјата?

5 Јехова го предупредил Адам дека ако непослушно јаде од дрвото на спознание на добро и зло, со сигурност ќе умре „во оној ден“ кога ќе касне од него (1. Мој. 2:17). Бог стоел на зборот и, во истиот ден кога Адам направил грев, ги повикал престапниците да положат сметка и им изрекол смртна пресуда. Казната била неизбежна. Од Божја правна гледна точка Адам и Ева умреле истиот ден. (Спореди Лука 20:37, 38.) Но, за да ја спроведе својата објавена намера за населување на Земјата, Јехова им допуштил да основаат семејство пред дословно да умрат. Освен тоа, од гледна точка на Бог, за кого илјада години се како еден ден, Адамовиот живот завршил со 930 години, што било во рамките на еден „ден“ (1. Мој. 5:3-5; спореди Псалми 89:4; 2. Петрово 3:8). Така, со оглед на времето на извршување на казната, Јехова се покажал како вистинит, а неговата намера да ја насели Земјата со Адамовото потомство не била осуетена. Но, тоа значело дека на грешните луѓе им било дозволено да живеат некое време.

6, 7. а) Како произлегува од 2. Мојсеева 9:15, 16 зошто Јехова допуштил злите да постојат извесно време? б) Во случајот со фараонот, како се покажала Јеховината моќ и како се објавило неговото име? в) Каков ќе биде исходот на крајот на сегашниот зол систем?

6 Она што Јехова му го рекол на владетелот на Египет во деновите на Мојсеј понатаму открива зошто Бог допуштил да постојат злите за некое време. Кога фараонот го забранил заминувањето на синовите на Израел од Египет, Јехова не го уништил веднаш. На земјата биле нанесени десет неволји кои ја покажале Јеховината моќ на зачудувачки и разнолични начини. Кога го предупредил седмиот пат, Јехова му рекол на фараонот дека тој може лесно да го збрише од земјата и него и неговиот народ. „Но, всушност“, рекол Јехова, „затоа те оставив да постоиш, за да ја покажам својата моќ и за да се објави моето име по целата Земја“ (2. Мој. 9:15, 16, NW).

7 Кога Јехова го ослободил Израел, неговото име навистина станало надалеку познато. Дури и денес, скоро 3.500 години подоцна, не се заборавило она што го сторил. Било објавено не само неговото лично име Јехова, туку и вистината за Оној кој го носи тоа име. Ова го утврдило Јеховиниот углед како Бог кој ги држи своите завети и презема акција во корист на своите слуги. Тоа покажува дека заради неговата семоќна сила ништо не може да ја осуети неговата намера. Далеку повпечатливо ќе биде претстојното уништување на целокупниот зол систем, видлив и невидлив. Тоа покажување на семоќна сила и славата која тоа му ја донесува на Јеховиното име нема да се заборави никогаш во сеопштата историја. Сето тоа ќе донесе бескрајни користи (Езек. 38:23, NW; Отк. 19:1, 2).

,О длабочино на Божја мудрост!‘

8. Кои дополнителни фактори Павле нѐ поттикнува да ги разгледаме?

8 Во своето писмо до Римјаните, апостол Павле го поставил прашањето: „Има ли неправда кај Бог?“ А потоа одговорил така што ја истакнал Божјата милост и се осврнал на она што Јехова му го рекол на фараонот. Тој исто така потсетил на фактот дека ние луѓето сме како глина во рацете на еден грнчар. Дали глината приговара на намената за која е предвидена? Павле додава: „Ако сега, Бог, иако сакаше да го покаже својот гнев и да ја објави својата моќ, ги поднесуваше со голема долготрпеливост садовите на гневот кои се направени прикладни за уништување, за да можел да го објави богатството на својата слава над садовите на милосрдието кои однапред се подготвени за слава, имено нас, кои нѐ повикал не само од Евреите, туку и од нациите, [што со тоа]?“ (Рим. 9:14-24, NW).

9. а) Кои се „садовите на гневот кои се направени прикладни за уништување“? б) Зошто Јехова покажал голема долготрпеливост наспроти нивното непријателство, и како конечниот исход ќе биде за добро на оние кои го сакаат него?

9 Уште откако Јехова ја дал пророчката изјава запишана во Постанок 3:15, Сатана и неговото семе биле „садовите на гневот кои се направени прикладни за уништување“. Во текот на сето тоа време Јехова покажувал долготрпеливост. Злите се исмејувале на неговите патишта; ги прогонувале неговите слуги, дури го убиле неговиот Син. Но Јехова покажал голема воздржливост што трајно ќе им користи на неговите слуги. Целото творештво имало прилика да ги види катастрофалните последици од побуната против Бог. Во исто време, Исусовата смрт го обезбедила средството за ослободување на послушното човештво и „за да ги урне делата ѓаволски“ (1. Јов. 3:8; Евр. 2:14, 15).

10. Зошто Јехова продолжил да ги поднесува злите во изминатите 1.900 години?

10 Во текот на повеќе од 1.900 години по Исусовото воскресение, Јехова и понатаму ги поднесувал „садовите на гневот“, чекајќи да ги уништи. Зошто? Затоа што го подготвувал второстепениот дел од семето на жената, оние кои треба да му се придружат на Исус Христос во неговото небесно Царство (Гал. 3:29). Тие поединци, по број 144.000, се „садовите на милоста“ за кои зборувал апостол Павле. Први кои биле поканети да ја сочинуваат оваа класа биле поединци од еврејската нација. Потоа биле додадени обрежаните Самарјани и на крајот луѓе од паганските нации. Со голема долготрпеливост Јехова ја остварувал својата намера, не присилувајќи никого да му служи, а изливал богати благослови на оние кои одговориле со ценење на неговите љубезни подготовки. Денес, подготвувањето на таа небесна класа е скоро завршено.

11. Која друга група сега има корист од Јеховината долготрпеливост?

11 Но што со жителите на Земјата? Во Божје одредено време милијарди луѓе ќе бидат воскреснати како земски поданици на Царството. Исто така, особено од 1935 н. е., Јеховината долготрпеливост овозможила собирање на „големо мноштво“ од сите нации, имајќи го во вид нивното спасение (Отк. 7:9, 10; Јован 10:16).

12. а) Како резултат на тоа, што сме научиле за самиот Јехова? б) Како реагираш на начинот на кој Јехова ги решавал тие работи?

12 Постои ли каква и да е неправда во сето ова? Секако дека не! Ако Бог чека со уништувањето на злите, „садовите на гневот“, за да може да им покаже сомилост на другите во склад со својата намера, како може некој оправдано да приговара? Наместо тоа, додека го набљудуваме остварувањето на неговата намера, учиме многу за самиот Јехова. Се воодушевуваме на фасетите на неговата личност кои се расветлени — неговата правда, милост, долготрпеливост и разноликоста на неговата мудрост. Јеховиното мудро решавање на спорното прашање засекогаш ќе остане како сведоштво за фактот дека неговиот начин на владеење е најдобар. Затоа и ние, како апостол Павле, велиме: „О длабочино на Божје богатство и мудрост и спознание! Колку се неиспитливи неговите судови и недоловливи неговите патишта!“ (Рим. 11:33, NW).

Прилика да ја покажеме нашата оддаденост

13. а) Кога лично страдаме, каква прилика е тоа за нас? б) Што ќе ни помогне да реагираме мудро?

13 Постојат ситуации во кои навистина треба лично да се страда затоа што Бог сѐ уште не ги уништил злите и не го спровел прореченото обновување на човештвото. Како ние реагираме на тоа? Гледаме ли во тоа прилики да учествуваме во отстранувањето на срамот што му е нанесен на Јеховиното име и докажувањето дека Ѓаволот е лажливец? Можеме во голема мера да бидеме зајакнати ако го правиме тоа така што ќе го задржиме на ум советот: „Биди мудар, синко, и радувај го срцето мое, — и јас ќе имам што да му кажам на оној, што ме клевети“ (Изр. 27:11). Сатана, оној кој му се исмејува на Јехова, тврдел дека ако луѓето претрпат материјален губиток или телесни неволји, ќе го обвинат Бог, па дури и ќе го проколнат (Јов 1:9-11; 2:4, 5, сите NW). Јеховиното срце ќе го израдуваме ако останеме лојални и тогаш кога сме соочени со тешкотии и ако докажеме дека тоа не се однесува на нас. Имаме потполна доверба дека Јехова има нежна наклоност кон своите слуги и дека, како во случајот со Јов, во одредено време великодушно ќе нѐ награди ако се покажеме верни (Јак. 5:11; Јов 42:10-16).

14. Ако се потпираме на Јехова кога доживуваме искушенија, каква друга корист можеме да извлечеме?

14 Ако доверливо се потпреме на Јехова кога доживуваме тешки искушенија, можеме да развиеме бесценети особини. Како резултат на она што го претрпел, Исус „се научил на послушност“ на начин кој никогаш дотогаш не го познавал. Така и ние можеме нешто да научиме — ако негуваме долготрпеливост, ако истраеме и ако го продлабочуваме ценењето за Јеховините праведни патишта. Ќе го прифатиме ли трпеливо тоа школување? (Евр. 5:8, 9; 12:11; Јак. 1:2-4).

15. Како другите можат да имаат корист додека ние трпеливо поднесуваме тешкотии?

15 Другите ќе нѐ посматраат што правиме. Поради она што го доживуваме заради нашата љубов кон праведноста, некои од нив можат со време да сфатат кои се навистина денес вистинските Христови „браќа“, и со тоа што ќе се обединат со неговите „браќа“ во обожавањето, тие можат да ги очекуваат благословите на вечниот живот (Мат. 25:34-36, 40, 46). Јехова и неговиот Син сакаат и овие да ја имаат таа прилика. Го сакаме ли и ние тоа? Спремни ли сме да се соочиме со неволји за да го овозможиме тоа?

16. Како нашиот став спрема таквите лични неволји влијае на нашата обединетост?

16 Колку е добро кога дури и на тешките ситуации во животот гледаме како на прилики да ја покажеме нашата оддаденост на Јехова како и да учествуваме во исполнувањето на неговата волја! Таквото наше постапување може да биде доказ дека навистина се движиме кон обединувањето со Бог и Христос за кое Исус се молел во корист на сите вистински христијани (Јован 17:20, 21, NW).

За повторување

● Додека допушта зло, како Јехова соодветно покажал голема обѕирност спрема своето име?

● Како тоа што Бог ги поднесувал „садовите на гневот“ овозможило неговата милост да достигне до нас?

● Кои можности треба да ги гледаме во ситуациите кога ние лично мораме да страдаме?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели