Песна 182
,Балсам од Галад‘
1. За балсамот од Галад чув;
в реч Божја пишува.
Потиштени утешува
и тага лекува.
Во тешки искушенија,
во немир смирува
и кога некој сакан наш
во гробот почива.
2. ,Бог љубов е‘, потсети се,
и мудар, семоќен.
И сѐ што тој дозволува
за наше добро е.
Во молитва повикај го Бог,
твојот Тешител.
Ти кажи му ги грижите
и тешкотиите.
3. Настаните од дамнина
што се случувале
за наша надеж, утеха,
во речта Божја се.
Од браќата со понизност
ти помош прифати.
Од љубов ти ја даваат
да истраеш со нив.
4. На братот свој ти помисли:
Дал’ е во неволја?
И многу други исто се
под искушенија.
Па, сите такви најди ги
и дај им утеха.
Да, овој балсам моќен е
и сѐ тој лекува.